Горивата пред три-четири дена ја достигнаа рекордната цена досега, со поскапувањето од 3 денари, Еуросуперот 95 чини 84 денари за литар, Еуросуперот 98, 85,5 денари, додека цената на Еуродизелот изнесува 74,5 денари. Сепак тоа не знaчи дека сите соодветно го намаливме користењето на автомобилот.
Не сакаме да велиме дека за цената е виновна Владата, но таа го собира кајмакот кој расте пропорционално со цената на горивото (ДДВ и акциза се изразуваат во % и во износ не е исто од вкупна цена 40 и од 80 денари). Сепак иако цената е повисока, ние ги имаме истите семејни буџет (ако не и помали, со новото очекувано зголемување на цените на производите осетливи на промена на цената на транспортот).
Затоа подолу се дадени неколку совети за поефикасно користење на автомобилот со што би се намалила потрошувачката на гориво, би се заштедил личниот буџет, но и би се заштедила емисија на јаглерод диоксид во воздухот.
Планирајте го патувањето и возете без проблеми – предвидете ги сите чекори и рути (ако треба да направете повеќе запирања) и однапред планирајте за да го избегнете непотребно сопирање и забрзување.
Тргнете ја ногата од педалот за гас – кога забавувате или возете по удолнина, оставете ја брзината, тргнете ја ногата од педалот за гас што е можно порано. Ова го намалува протокот на гориво на моторот на речиси нула.
Возете како да медитирате. Сите ние сакаме да стигнеме на време или некоја минуте порано. И јас се имам фатено во момент како возам агресивно. Пробајте ова да го сменете, возете со мали обрти на моторот, намален притисок на педалот на гас, поретко менување на брзината и помалку запирање и забрзување.
Успорете – и избегнувајте прекумерно брзини кога е можно. Возење со 120 km/h е спротивно на законот (на најголем дел од патиштата) и користи околу 25% повеќе гориво од една просечна брзина 80 – 90 km/h. Кога патувате на долги патишта, пробајте да „крстарите“, користете најголем степен на брзина со мал притисок на педалот за гас.
Проверувајте го притисокот во гумите често. Ненапумпаните гуми не се само сообраќаен ризик, но возењето со недоволно напумпани гуми се големи потрошувачката на горивото. Намалете го товарот, не мора тешките работи да ги шетате додека возите низ град, колку поголем товар, толку поголема потрошувачка на горива.
Климата троши повеќе гориво – често исклучете ја или поставете ја климата на “еко” поставување со што се намалува потрошувачката на гориво. И отворање напрозорец при голема брзина ја зголемува потрошувачката на гориво повеќе од користење на климатизација, бидејќи ствара дополнителен отпор.
Исклучете го автомобилот – тој користи многу малку гориво кога повторно се вклучува (пали) без притискање на педалот за гас. Исклучето го автомобилот ако сте во мирување повеќе од една минута (пр. чекате семафор над 50-тина секунди).
Биодизелот е обновливо гориво произведено од масло од маслодајна култури, вклучувајќи маслодајна репка, сончоглед и соја, како и од отпадни масла за јадење. Доколку вашата кола дозволува, користете го ова гориво бидејќи е обновливо и намалува емиција на CO2.
Алтернативни решенија
Избор на автомобил или мотор? Ако веќе можете да си дозволите, користет мотор наместо автомобил. Потрошувачката е далеку помала 🙂
Користете го автомобилот помалку! Наместо да излегувате трипати за разни работи испланирајте се добро.
Делете го превозот. Секоја прилика го делиме превозот со мојот сосед, бидејќи имаме заедничка дестинација и се поклопуваме со времето. Планирањето исто така
Одење, возење велосипед и јавен транспорт се најдобрата алтернатива