Во последните 10 години, цените на електричната енергија и гас во Загреб се зголемени за 50%, цената на централното греење се зголеми за 45% додека цената на водата и комуналиите се дуплира. Од друга страна, поголем процент на станбените згради во Загреб е постар од 40 години и потребно е да се направат големи интервенции за да бидат енергетски ефикасни.
„Посебна категорија се станбени згради, кој што се приклучени на централни системи за греење, каде што потрошената топлинска енергија се пресметува според квадратурата на станот, а не според реалната потрошувачка. Истиот случај е и со водата – една зграда е приклучена на еден водомер, а потрошувачката на водата се пресметува врз основ на бројот на луѓе кој што сочинуваат едно домаќинство. Доколку на жителите на една станбена зграда им се овозможи плаќање на сметките за греење и вода според вистинската потрошувачка, потребни се дополнителни интервенции на зградите, што бара нови инвестиции. Од тие причини градот Загреб ќе соработува со Фондот за заштита на природната средина и енергетска ефикасност, кој што треба да обезбеди минимум 40% од потребните инвестиции“, изјави Ана Павичиќ Касељ од политичката партија „ЗА ГРАД“. Кои се предложените мерки и кои се предложените предлози можете да видите во следното видео:
Со 10 милиони куни на годишен ниво, што колку за споредба претставува една десетина на трошоци на загребачкиот градоначалник, градот Загреб би мижел да кофинансира преку 3.000 енергетски обнови. Покрај енергетските заштеди, проектот би обезбедил, дополнителни инвестиции во вредност од 106 милиони куни, кој што ќе отворат нови работни места во градежната индустрија, или поточно вработување на 12.000 работници.
Трендот на зголемени цени на енергијата ќе се продолжи и во иднина, а ваков вид на инвестиции ќе овозможи долгорочно намалување на комуналните трошоци за околу 30%.
„Овие инвестиции се познати во голем број на други европски градови. Така на пример градот Хиделберг во Германија веќе 10 години ги кофинансира проектите поврзани со зголемување на енергетската ефикасност на станбените згради. Во буџетот на овој германски град, со години се издвојува околу 10 милиони куни со кој што се кофинансира енергетска обнова на фамилијарни куќи (40.000 куни ≈ 5.300 евра) и енергетска обнова на станбени згради (53 евра по метар квадратен). Од кога се почна со ваков начин на енергетска обнова на зградите, вкупно се инвестираше преку 80 милини евра, со кој што се сочуваа преку 300.000 работни места“, изјави Ана Павичиќ Касељ.
Да се надеваме дека и македонските градови ќе тргнат по примерот на германскиот град.
Извор:Zelena energija