Фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата “Аналитика” на 9 октомври (среда) со почеток во 10.00 часот во Хотел Stone Bridge организираат конференција на тема:“Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот”.
Целта на конференцијата е да овозможи заедничка платформа на која државните институции, општините, граѓанските организации, донаторите, фирмите од Македонија ќе дискутираат за значењето на снабдувањето со енергија во Македонија и регионот, за политиките, можностите и решенијата за справување со истата на ефикасен и соодветен начин, како на пример со мерки за енергетска ефикасност.
Енергетската сиромаштија иако е признаена како проблем во регионот, не е соодветно дефинирана, а не се спроведуваат ни соодветни политики за нејзино справување. Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме кон зголемување на свеста кај политичките субјекти и пошироката јавност за важноста на ова прашање и за потребата од негово решавање на ефикасен начин.