Енергетската заедница на Југоисточна Европа, во Белград ја прифати Регионалната енергетска стратегија. Со овој документ се опфатени 35 проекти, со вкупна вредност од околу 30милијарди евра.
Српската министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави да по 11 години по првиот состанок на енергетската заедница до сега, беа предложени 100 проекти од областа на електричната енергија, гас и нафта кој што се од голем интерес за сите држави на ЈИЕ.
Министерката изјави да од 14 проекти кој што се однесуваат на изградба на нови енергетски објекти со инсталирана моќност од 5.000 мегавати, седум се лоцирани во Србија, со вкупна моќност од 2.400 мегавати. Според министерката Зорана Михајловиќ, усвојувањето на листата на проекти има голем значај, бидејќи од 2001 година регионот на ЈИЕ се соочува со дефицит на електрична енергија.
На министерскиот состанок е усвоена директива со која што постепено ќе се намалат капацитетите на термо централи . Според министерката, тоа не значи гасење на термоцентралите, туку процес на прилагодување кон стандардите со кој што се штити животната средина. Овој процес треба да биде завршен до 2027 година.
„Тоа не значи дека Србија нема да ги гради планираните термо капацитети како што е ТЦ Штавањ, кој што ќе го користи квалитетниот јаглен. Тоа не значи дека Србија ќе ја затвори ТЦ „Никола Тесла“, туку дека ќе работи на воведување на нови чисти технологии“, прецизираше министерката Михајловиќ.
На состанокот присуствуваа претставници од ресорните министерства од Албанија, БиХ, Косово, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Украјина и Србија.
На следниот линк можете да ја видите листата на прифатените проекти
Извор: Б92