Она што забележавме (колегите што го уредуваат блогот), е дека нѝ недостасуваат текстови за енергетска ефикасност во ИТ секторот. Но, за среќа на конференцијата за седмата меѓународна конференција е-Општество на тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“ , каде нашиот колега Атанасовски Александар го претставуваше блогот, имавме прилика да ја слушнеме презентацијата од страна на господин Бранко Аврамовски од Мајкрoсофт на тема Зголемена ефикасност со оптимизирање на вашата инфраструктура. Во денешниот текст Ви пренесуваме дел од оваа презентација.
ИТ секторот има од 5-10% на учество во вкупната потрошувачка на електрична енергија. Во некои дејности кои што повеќе ја користат ИТ технологијата ова учество се зголемува и до 75% – банкарскиот сектор на пример. Исто така, уредите кои што користат некој вид на софтвер учествуваат во вкупната светска потрошувачка на електрична енергија од 3-5%.
Покрај учеството на потрошувачката на електрична енергија ИТ индустрија има негативно влијание и на човековата околина. Интересен е податокот дека секое пребарување на интернет произведува 7 грама на CO2! Секој пратен маил произведува 0.3 грама на CO2. Исто така, интересен е податок дека сите спам маилови пратени во тек на еден ден продуцираат околу 5000 тони на CO2!!!
Исто така не изненади податок дека голем број на х386 сервери користат само 30-40% од вкупната снага на серверот. Исто така 10% од 4.4 милиони сервери во целиот свет се неискористени, поточно не се користат. Како да ги редуцирате овие загуби/трошоци? Се почнува со самата анализата на ИТ инфраструктура што ја поседувате и анализа на тоа како таа инфраструктура е искористена. Вториот чекор е да се елиминираат уредите кои што не се користат. Користете енергетски поефикасни уреди итн.
За повеќе информации за улогата на ИТ секторот во потрошувачката на електрична енергија прочитајте тука