Извор: Zelena energija
Енергетските задруги се ефикасен начин, како една локална заедница, може да преземе контрола над локални енергетски ресурси и да ја спречат доминацијата на големите инвеститори, кој што со свои проекти можат да имаат влијание врз цените на греење во некое место, но и од друга страна да ја девастираат човековата околина до нивото кој што е неприфатлив за локалната заедница.
Кога зборуваме за обновливите извори на енергија, една од честите забелешки се да во текот на реализацијата на големите проекти како што се на пример ветерните паркови, самата локалната заедница, нема никаква корист од овие проекти. Освен тоа, инвеститорите, без разлика дали се работи за домашни или пак странски инвеститори, се однесуваат насилно кон локалната заедница предизвикувајќи револт и побуна во локалната заедница, поради што овие големи проекти пропаѓаат. Пример на едно вакво однесување е ТЕТО во Велика Горица, која што можеше да ја олесни состојбата со прескапото греење во овој град. Една од можностите, каде што локалната заедница може успешно да парира со големите инвеститори, е основање на енергетски задруги.
Како функционира енергетска задруга?
Енергетските задруги би требало да бидат пример на одржлив развој. Имено основната цел на енергетските задруги, е енергетската дејноста да остане со сопственоста на локалната заедница, за да истата може да има максимална економска и општествена корист, како и заштита на човековата околина како дополнителен аспект на вкупната приказна.
Самата основа на енергетската задруга е всушност обична задруга која што е регистрирана за енергетска дејност. За да се основа задруга потребен е минимален почетен капитал од 1000 куни (133 евра) по член на задругата и најмалку седум задругари. Од сите задругари се очекува активна работа во задруга. Секој задругар има право на еден глас, без разлика на тоа колку има вложено во задругата. Поделбата на добивката иди спрема пропорционалното учество на задругарите, каде што 30% од добивката се реинвестира во развојот на задругата.
Дополнителната вредност на енергетските задруги е дека членовите на задругата можат да бидат како поединечни физички лица, така и правни лица – претпријатија. Пример на една ваква задруга е „Енергетската задруга на островот Крк“ со преку 200 членови. Основачите на оваа енергетска задруга се граѓаните на овој остров, самиот град Крк, како и претпријатијата која што работат на овој остров.
Кои се предностите на здружувањето во енергетски задруги?
Постои голем број на предности на здружувањето во овој вид на задруги, особено за граѓаните, кој што можат полесно да ги реализираат своите индивидуални цели. Но кои се предностите на овој вид на задруги, најлесно е да се покаже преку практичниот пример на првата енергетска задруга која што е основана во Хрватска. Имено, според информациите до кој што дојдовме во медиумите, задругарите на првата енергетска задруга основана на островот Крк, се изборија да ја намалат цената на фотоволтаичните панели и до 40%, како и да ја намалат цената на изработка на пратечката документација. Но покрај поевтината опрема, со реализацијата на проектот задругата вработи неколку нови работници кој што се задолжени за одржување на поставените панели.
Во Хрватска функционираат седум задруги, а во Германија задругите во својата сопственост имаат повеќе од половина на инсталираните капацитети за искористување на обновливите извори на енергија. Во Данска тој број иди и преку 75%, поточно во сопственост на задругите се наоѓа преку 75% од инсталирани ветерници. Од друга страна во Чешка големите корпорации и инвестициски фондови држат околу 1600 MW инсталирани капацитети кој што ги користат обновливите извори на енергија.
Енергетските задруги и други видови на обновливи извори на енергија
Инсталацијата и пуштањето во употреба на фотоволтаичните системи е релативно едноставна работа, но енергетските задруги можат да реализираат и други проекти кој што се поврзани со обновливите извори на енергија. Така на пример о Хрватска задругите кој што се занимаваат со одгледување на маслини, имаат големи проблеми со складирање на комината, која што може да се искористи како квалитетна биомаса или пак како суровина за производство на хумус. Другиот пример е искористување на биомасата од земјоделието за греење или пак за производство на биогас.
Енергетските задруги можат да имаат голема улога не само во креирањето на свеста, туку и во преземањето на контролата од страна на локалната заедница над достапните енергетски ресурси.
2 Comments
Pingback: Обновлив извор: крај на довербата во државата!
Pingback: Енергетски задруги – одржлив развој на производството на енергија | Mishevski