Виктор Векселберг, рангиран на 44 – то место најбогати во светот, е уште еден Русин кои ја изгради својата бизнис империја во 90 – те, по распадот на Советскиот сојуз. Роден Украинец, Векселберг, преку својата менаџемент компанија Ренова, го оркестрираше првото успешно непријателско преземање во Русија, на фабриката за трактори Владимир, во 94 – та. Потоа купи повеќе топилници за алуминиум и рудници за боксит, средни по големина, и ги обедини во Суал Холдинг, денес втората по големина руска алуминиумска компанија. Милијардите ги направи кога тој и Михаил Милијардите ги направи кога тој и Михаил Фридман (Alfa Group) ја преземаа компанијата TNK, која во 2003 – та се спои со BP и сега е втората најголема приватна нафтена компанија во Русија. Векселберг е на челото на комитет Фридман (Alfa Group) ја преземаа компанијата TNK, која во 2003 – та се спои со BP и сега е втората најголема приватна нафтена компанија во Русија. Векселберг е на челото на комитет за меѓународна соработка во Руската унија на индустријалци и претприемачи, групакоја претставува интересите на олигарсите и други големи бизнисмени, место кое го држеше поранешниот милјардер и сега затвореник Михаил Ходорковски.
Михаил Фридман, исто така Украинец по потекло, се рангира како 50 – ти најбогат човек во светот со 9,7 милијарди долари. Ја осниваше Алфа Групата со своите факултетски другари Герман Кан и Алексеј Кузмичов. Сега компанијата претсавува разнолик конгломерат кој се занимава со нафта, недвижности, телекомуникации и банкарство. Како и првиот човек на Лукоил, лекперов, Векселберг одржува силни врски со Кремљ. Тој е политички советник на Путин.
На другиот крај од листата на енергетски милијардери и 300 места подолу од Фридман е Зенгронг Ши со 2,2 милијарди долари. Ши доби диплома во ласерска физика на еден шангајски иверзитет и потоа замина за Австралија за да докторира во областа на електроинженерството. Ја осивна Suntech Powerза да произведува фотоволтаични ќелии за соларни панели. Во 2005 – та ја котираше компанијата на њујоршката берза со 225 милиони долари во продажби.
Последен на нашата листа и потенцијален предвесник на иднината на енергијата, е Тулси Танти, на 562 место најбогати, со 1,4 милијарди долари. Овој поранешен трговец со текстил од областа Пуне во Индија, се сврте кон алтернативната енергија кога растечките трошоци за снабдување со енергија се заканија да го уништат неговиот бизнис. Влезе во потфат со ветерници во 1995 – та. Минатата година, ја котираше на берзата неговата Suzlon Energy, која ја изгради најголемата ветерна фарма во Азија, во јужна Индија, и која сега се шири кон САД, Кина и Австралија. Танти, кој е претседател и генерален директор, и неговите три браќа кој работат во групацијата, имаат 70% од компанијата чии акции во моментов вредат околу 7 милијарди долари.