Од 10 – 11 октомври во Приштина, ќе се одржи конференција под назив „Energy Market South East Europe 2013„
Енергетскиот сектор има клучна улога како во економскиот раст и развој на Југоисточната Европа, така и во приближување на овој регион кон Европската Унија преку искористување на енергетските ресурси.
Во октомври 2005 година, Европската заедница и државите од Југоисточна Европа потпишаа “Договор за основање на енергетска заедница”. Врз основа на ова, договорените страни имаат обврска да ги спроведат правните акти на ЕУ кој што се однесуваат за енергетската индустрија.
Но, дали е можно да се реализираат преземените обврски? За да се реализираат сите преземени обврски треба да се смени комплетниот систем кој што го уредува пазарот на електричната енергија – развивање на прекугранична инфраструктура, недискриминаторски пристап на пазарот на електрична енергија за сите провајдери како и хармонизација на пазарните правила и стандарди со се правилата на ЕУ.
Повеќе информации за конференцијата „Energy Market South East Europe 2013„