Да не го беше јагленот ЕУ немаше да постои. Имено формирањето на Заедницата за јаглен и челик 1951 год. произлезе од намерата за обединување на 6-те земји (Франција, СР Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург) преку заедничката контрола на производство на јаглен и челик. По овој договор, следеа преговори за Договор со Европската економска заедница склучен во Рим во 1957 год. Овој договор е попратен со Договор за Агенција „Еуроат„, која ги регулираше прашањата во врска со нуклеарната енергија. Кризата во Суецкиот Канал и прекинот во снабдувањето на нафтата, ја стави тогашната заедница да дилема и со прашање дали покрај јаглен и челик, треба да се направи и рамка за нафта. Така во 1962 година се предложи текст на енергетската политика на Заедницата, но покрај различните интереси на земјите членки на Заедницата, не се постигна договор. Нафтената криза во 1973 година, поради ембаргото на ОПЕК, резултираше со формулација на „заедничкиот настап во енергетската политика„ во соопштението од самитот на Европската заедница во Копенхаген на крајот на 1973 година.
Но од почетната „љубов“ помеѓу јагленот и ЕУ, последните неколку години, државите членки полека се оддалечуваат од овој енергенс.
Имено ЕУ има нова енергетска политика, која што донесе нови цели: „ 3 (три) пати 20 до 2020„.Се работи за цели од областа енергетска ефикасност (зголемување за 20%), користење на обновливи извори на енергија (зголемување за 20%) и намалување на емисијата на гасовите исто така за 20%. За да се реализираат овие цели, ЕУ донесе голем број на директиви кој што ја уредуваат оваа област и кој што ги регулираат емисиите на стакленички гасови (DIRECTIVE 2010/75/EU OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL).
Општо е познато дека термоцентралите на јаглен претставуваат најголеми загадувачи на човековата средина и како најголеми производители на стакленички гасови со кој што се нарушуваат темелите на ново поставената енергетска политика на ЕУ.
Покрај регулативите кој што го лимитираат користењето на јаглен како енергенс, европските и светските финансиски институции воведоа рестриктивно финансирање на нови термо капацитети кој што го користат јагленот за производство на електрична енергија. Имено, Европската банка за обнова и развој (EBRD) донесе одлука да не ги финансира проектите кој што се однесуваат на изградба на нови термоцентрали на јаглен, поточно „The new strategy defines a strict tripartite test for screening any rare and exceptional investment in coal-fired generation, based on the following criteria:
• The infrastructure being considered must be the least carbon-intensive of the realistically available options.
• The infrastructure must use best available techniques (BAT)…. in order to ensure that it achieves the lowest feasible carbon intensity
• The plant must also comply with the IED (EU Industrial Emissions Directive, (2010/75/EU) requirements in relation to carbon capture and storage readiness. “
Повеќе за новата стратегија на Европската банка за обнова и развој (EBRD).
Да не заборавиме дека овие директиви и начинот на финансирање се однесуваат и на балканските држави. Пред неколку месеци европските финансиски институции одбија да ги финансираат проектите кој што се однесуваат за искористувањето на јаглен во Србија, Црна Гора и Босна, бидејќи не се во склад со директивите на ЕУ во врска со штетните емисии.
Вториот битен фактор зошто ЕУ се полека откажува е штетноста на гасовите кој што се испуштаат од термоцентрали на човечкото здравје. Минатата година организацијата „Health and Environment Alliance“ објави извештај под име „THE UNPAID HEALTH BILL How coal power plants make us sick“. Според направениот извештај, штетните емисии на гасови кој се испуштаат од термо капацитетите, усмртија 18.000 граѓани на ЕУ! Вкупната штета која што овие гасови предизвикуваат кон човечкото здравје и кон животната средина изнесува околу 42,8 милијарди евра.
Но од друга страна ЕУ се соочува со големи предизвици да ја реализира поставената енергетска политика, како и да обезбеди стабилно, квалитетно и континуирано снабдување на електрична енергија на својата индустрија. Исто така откажувањето од јагленот ќе донеси големи социјални притисоци на европската економија бидејќи голем број на вработени кој што работат во овој сектор. Исто така треба да нагласиме дека ЕУ е голем зависник од рускиот природен гас, а земајќи ја во предвид лошата состојба поради конфликтот во Украина. Сите овие фактори ќе имаат влијание на поставената политика на ЕУ кон користењето на јаглен.
Каде е Македонија во целата приказна?
Нашиот енергетски систем е базиран на јаглен. Преку 2/3 од вкупното производство на електричната енергија се добива од термо капацитети. Исто така планираните инвестиции во енергетскиот сектор исто така се базираат на користење на јаглен. Она што е голем знак на прашање е какво влијание имаат постоечките термо капацитети на здравјето на граѓаните на Македонија и исто така дискутабилна економска исплатливост на планираните нови проекти. Дали Македонија има алтернатива? Сигурно дека има и сигурно е дека обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се пат не само кон енергетска стабилнот, туку и кон економскиот реазвој. Според направената студија „Енергетските можности на Македонија“, се дефинирани неколку стратегии за развој на енергетскиот сектор во Македонија, кој што покажуваа дека Македонија може во целост да се потпре на обновливите извори на енергија (страна 27 – 43).
Дали постоечката енергетска политика на ЕУ ќе имаат влијание на ревидирање нашата енергетска политика и поголемо насочување кон зголемена енергетска ефикасност и кон обновливите извори на енергија? Иднината ќе покаже.