„ЕВН Македонија“ почна со изградба на нов 20 киловолтен далновод во општината Зелениково, со вкупна должина од 8,5 километри. Вредноста на инвестицијата е околу 300. 000 евра. Проектот се очекува целосно да биде завршен до крајот на август, а ќе претставува врска меѓу 35 киловолтната трафостаница „Драчево 2“ и Зелениково.
Паралелно во рамките на проектот ќе се реконструира и 10 кв. трафостаница, а ќе се заменат поголем број дрвени 10 кв. столбови со бетонски. Со оваа инвестиција, како што информираат од компанијата, во голема мера ќе се подобри напонот и ќе се обезбеди поголема сигурност во напојувањето со струја во регионот на селата Зелениково, Орешани, Ново Село, Дејковец, Тисовица, Градовци, Гумалево, Добрино, Пакошево, Страхојадица и Смесница. (Ек.Р.)
Преземено од: Утрински Весник