Во последно време енергетиката зазема се позначајно место во сите медиуми. Кај нас е пред се актуелно поскапувањето на електричната енергија како и промената на тарифниот систем. Исто така во последните две недели се зборува за тоа каков е енергетскиот систем во Европа. Најчесто се користат неточни или делумно точни информации. Во продолжението ви го донесуваме прегледот на европската енергетика во 4 слики, базирани на проверени информации и извори.
- Европа се сè уште ослонува на електрична енергија добиена во термо или нуклеарни централи
Иако последните години е многу вложено во искористување и на промовирање на користење на обновливи извори на енергија, Европа се сè уште ослонува на користење на фосилни горива. Доминација на овие горива е се уште видлива во така наречени „зелени„ држави, како што се Германија, Данска и Шпанија. Во Германија и Данска преовладува јаглен, поточно лигнит како главен енергент за добивање на електрична енергија (40% во Германија 48% во Данска) како и природниот гас (14% во Германија и 18% во Данска). Во Шпанија основно гориво е природен гас – 36%. Извор: European Environment Agency
- Европа е високо енергетски зависна
Готово сите европски држави зависат од увоз на енергенти, некој во помал, некој во поголем обем. Увозот е помал во држави кои што имаат големи залихи на јаглен, нафта и гас, како и големи хидро потенцијали. Норвешка и Данска се единствени нето извозници на енергија.
Најголем нето извозник на електрична енергија е Франција, додека најголем нето увозник на истата е Италија.
- Од воведувањето на Директивата поврзана со промоција на обновливи извори на енергија од 2001 до 2010, уделот на обновливите извори на енергија се зголеми за 6%
Во 2001 година ЕУ донесе Директива за промоција на обновливи извори на енергија. Директивата постави цели за секоја држава членка на ЕУ за тоа колкав треба да биди уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка во 2010 година. Целта беше да ОИЕ учествуваат со 22% во вкупната потрошувачка на ЕУ во 2010 година. Целта не беше во целост исполнета – 20% што сепак претставува огромен успех.
- „Најзелени„ европски држави се Норвешка и Австрија
Кај луѓето постои мислење дека Германија, Данска и Шпанија се најзелени европски држави. Но овие држави не се ни близу европскиот врв ако го гледаме учеството на ОИЕ во вкупната потрошувачка на електрична енергија. Норвешка, можеме слободно да кажеме дека во целост ги задоволува своите енергетски потреби од своите големи хидроцентрали. Учеството на ОИЕ во Австрија иди и до 70%, исто така од своите големи хидроцентрали.
Извор: obnovljivi.com