Без разлика дали се работи за кризен или просперитетен период, купување на нов станбен објект или пак изградба на куќа претставува голем финансиски предизвик. На ова дополнително да додадеме и не така мала цена на електричната енергија потребата и желбата за евтина и енергетски независна куќа станува сосем логичен избор.
Енергетски независни куќи од транспортни контејнери
Во нашата држава па и пошироко во регионот, ваков вид на градба нема толкава популарност како во ЕУ, а предностите на ваков вид на градба се големи. Најголемата предност на ваков вид на градба е ниската цена. Транспортните контејнери, од кога ќе го завршат својот век на користење, можат да се пазарат по релативно ниска вредност. На ваков начин контејнерите добиваат нов живот, наместо да бидат претопени. Ваков вид на куќи се градат како во Лондон, така и во Шкотска, Нови Зеланд, Амстердам и во Канада. Според направените пресметки помалку од 50% од транспортните контејнери не се враќаат во пристаништето од каде што се наполнети.
Животниот век на транспортните контејнери
Поради добрата конструкција, транспортните контејнери даваат големи можности да со дополнителна преработка и модификација се прилагодат во простории за живеење. Во зависност од големината на објектот, времето на изработка на ваков вид на станбена единица е пократок од изградба на конвенционален објект. Освен тоа, ваков вид на станбени објекти имаат и поголем век на користење поради својата железна конструкција.
Куќа од три транспортни контејнери со сончеви панели на покривот
Еден транспортен контејнер не е доволен за да се направи доволно голем објект за живеење на една четворочлена фамилија. Можеби е доволен доколку станува збор за викендичка или слично. На следната фотографија е прикажана куќа соградена од бродски контејнери со сончев панел на поставен на самиот покрив.
Куќите направени од транспортни контејнери се замислени да бидат максимално еколошки. Причините се очигледни – наместо стариот контејнер да биде исфрлен тој може да се трансформира во станбена единица. Доколку на него поставите и уреди за искористување на обновливи извори на енергија, можете да добиете енергетски независен објект.
Извор на текстот: efikasnost.org
Извор на фотографии: barbrvsales.wordpress.com
One Comment
Љупчо
Дали знаете отприлика колкава е цената на 1 контејнер?