Можеби за нас кој што не ги користиме услугите на Топлификација е драма, од страна кога ги гледаме настаните, но за поранешните и сегашните корисници на нивните услуги ова веќе преминува во хорор.
Имено денеска Топлификација би требало да го уплати долгот кој што го има кон Макпетрол во износ од 2,3 милиони евра. Со оваа уплата топлификација ќе ги подмири поголемиот дел на обврските кој што ги има кон оваа нафтената компанија.
Исто така денес истекнува рокот поставен од страна на Регулаторната комисија за енергетика, која што преку јавниот оглас бара компании кој што ќе ја преземат работата на Топлификација. Да ги потсетиме читателите, дека топлификација ги врати сите три лиценци – за производство дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Врз основ на ова Регулаторната комисија распиша оглас со кој се бараат компании која што ќе ја преземи работата со топлинската енергија.
Комисијата до сега нема објавено да ли има заинтересирани компании, кој што се јавија на огласот. Она што не е исклучено е дека Топлификација, може пак поново да си ги побара вратените лиценци, но од друга страна, како што објавуваат медиумите истата компанија нема доволно парични средства да ја реализира оваа работа.
Она што ги интересира сите граѓани кој што ги користат услугите Топлификација е што доколку никој не се пријави на огласот на Регулаторната комисија? Незваничните информации се дека Русите, преку нивната ТЕТО се заинтересирани за овие лиценци но се е во домен на шпекулации. Доколку до денес никој не се јави на објавениот оглас, Регулаторната комисија ќе мора да донесе специјални мерки, кој што треба да не го дозволат застојот во производството и дистрибуцијата на топлинската енергија.
Членот 164 од Законот за енергетика, кој што треба да го реализира Регулаторната комисија, подразбира преземање на мерки кој што треба да ја нормализира снабдувањето и производството на топлинската енергија.