Иако полека се приближуваме кон зимата и можеби сите гледаме дали имаме доволно огрев, можеби е време да почнеме да мислиме за набавка на сончеви колектори за топла санитарна вода. Како што повеќе пати пишувавме на порталот energetskaefikasnost.com постои повеќе различни видови на сончеви колектори.
Но она што е најбитно од сè, е како да ја финансираме набавката на сончевите колектори и колкави парични заштеди ќе добиеме со инсталирање на сончевите системи за топла вода. За економската исплатливост на сончевите колектори, пишувавме со мојот колега Игор Мишевски и според направените пресметки, заштедите се движат помеѓу 12.000 до 18.000 денари на годишен ниво. Повеќе на следниот иконографик. Цените на сончевите колектори се движат од 24.000 до 120.000 денари а самата цена зависи од тоа за каков тип на сончев колектор се работи но и од самиот квалитет на изработка. Според овие податоци можеме да заклучиме дека инвестицијата ќе ни се врати за период од 3 до 10 години.
Вториот чекор е да видиме како ќе ја финансираме инвестицијата. Нормално најдобро е да ја финансираме со сопствени средства. Но доколку истите не ги имаме треба да размислиме за адекватен кредит. На нашиот пазар постојат повеќе кредитни линии кој што се наменети за финансирање на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија – зелени еко кредити. Еден од најповолните кредити за финансирање на сончеви колектори е Еко кредитната линија на ПроКредит Банка.
Карактеристиките на оваа кредитна линија се следни:
За кого: бизнис сектор, претпријатија, физички лица, приматели на плата/пензија во ПроКредит Банка
Намена: инвестиции во реновирање и/или подобрување на постоечки стан, куќа или други резидентни градби со мерка за енергетска ефикасност
Износ МКД: од 60.000 до 600.000 МКД
ЕУР: од 10.000 до 50.000 ЕУР
Валута МКД/ЕУР
Рок на отплата до 84 месеци за МКД и до 181 месец за ЕУР
Минимум работно искуство: 6 месеци
Начин на отплата: месечни рати
Обезбедување: меница, гаранти, административна забрана од клиент, подвижни предмети, недвижен имот
Потребна документација за апликација: лична карта од кредитобарателот
Повеќе информации за Еко кредитот
Сега кога ги имаме сите податоци можеме да направиме и пресметка за тоа дали се исплати да земеме кредит за да набавиме сончев колектор за топла вода.
Цена на сончевиот колектор: 60.000 денари
Годишна заштеда на сметка за електрична енергија: 14.000 денари
Кредит: 60.000 денари
Годишна рата на кредитот: 13.200 денари
Разлика помеѓу остварената заштеда и ратата на кредитот: 800 денари.
Според пресметката остварените заштеди на сметката за електрична енергија се доволни за да ја вратите ратата на кредитот. Да нагласиме да остварените заштеди можат да бидат и поголеми, доколку во наредните години дојде до поскапување на цената на електричната енергија.
2 Comments
Pingback: Субвенции за сончеви колектори – праведни или не?
aleksandra
Здраво,
Може да ми кажете со која годишна каматна стапка е добиена годишна рата од 13200 денари?
Поздрав