На поранешната депонија на отпад во Бољевци, Миленко Милинковиќ согради куќа, кој што ја користи сончевата енергија за греење и акумулирање на топлината, а во исто време ги намали топлинските загуби. Инспирацијата ја доби од Никола тесла, поточно од неговата изјава: „Енергијата на фосилните горива е „флаширана“ сончева енергија“.
Барајќи ги опциите за градење на штедливи и ефикасни објекти, по дипломирањето на електро техничниот факултет, дипломира на атомска физика и пред 32 години согради куќа, која што има облик на полутопка.
„Заклучив дека природата не ги познава коцкестите структури, а ние упорно градиме такви куќи каде поради својот изглед губат и до 20% повеќе енергија. Градејќи ја куќата, каде што сега се наоѓаме, успеав да ја искористам и акумулирам сончевата енергија, а во исто време ги намалив топлинските загуби“, објаснува Миленко.
Нашиот соговорник, одлучувајќи се за изградба на ваков вид на куќа, самиот себе си зададе задача – обезбедување на минимални топлински загуби, максимално искористување на сончевата енергија, како и нејзината акумулација. Првата задача ја реши така што куќата има сферен облик, но тоа не е се. Овој иноватор ги искористи специфичните техники на градење, кој што овозможуваат значајни енергетски заштеди.
„Куќата ја изградив во фероцемент техника – трослоен ситно зрнест бетон. Се работи за цементен малтер, кој што наместо со бетонско железо се армира со рабиц мрежа и на таков начин се добива композитен материјал кој што ги има карактеристиките на бетонот кога се свиткува и карактеристиките на железото кога се развлекува“, објаснува Милинковиќ, кој што е во Заводот за интелектуална сопственост запишан како автор на оваа техника на градење.
Втората задача, искористувањето на сончевата енергија, ја реши со поставување на специфично нискоемисионо стакло, на предната страна на куќата.
„Кога се работи за топлинската енергија, стаклото се однесува како огледало. Колекторите кој што ги патентирав се стопени во малтерот, а се работи за бакарни цевки, кој што акумулираат сончевата енергија. На ваков начин ја греам водата во базенот, а исто така поминува низ изменувачот на топлината па го загрева и топлинскиот акумулатор. Резултатот е не само складирање на топлинската енергија, туку и подно греење“, објаснува Миленко.
Автор: Ѓорѓе Одавиќ
Извор: Нови Магазин