Отфрлањето на нуклеарната енергија не треба да загрижува – новата светска енергија е гасот. Додека јапонската нуклеарка „Фукушима Даичи“ се претвора во зачадена, радиоактивна руина, светската индустрија за обновливи извори го почна својот напад
Па, ова беше предвидливо. Додека јапонската нуклеарка „Фукушима Даичи“ се претвора во зачадена, радиоактивна руина, светската индустрија за обновливи извори го почна својот напад. Не плашете се, велат тие, секоја загубена нуклеарна енергија ќе биде заменета со чист ветар, соларна, хидро и енергија од биомаса, пишува канадскиот весник „Глоуб енд мејл“.
Германското лоби за зелена енергија БЕЕ вели дека нивните членки до 2020 ќе може да обезбедат 47 проценти од потребите на Германија за енергија, а тоа е повеќе отколку замената на сокот од нуклеарките во државата бидејќи сите треба да бидат исклучени. И ако верувате во ова, веќе имаме електричен автомобил, кој ќе вози 500 километри помеѓу две полнења.
Нема сомнение дека јапонската нуклеарна катастрофа со години ќе го забави развојот на нуклеарна енергија, а можеби и со децении, исто како што несреќата на островот Три милји од 1979 и во Чернобил седум години подоцна го направија тоа. Во САД не е изградена нова нуклеарна централа цели 30 години. Но, производителите на зелена енергија за нивната иднина треба да бидат загрижени исто колку тие од нуклеарната индустрија. Причината: евтиниот природен гас, големи количини, кој тече на енергетскиот пазар.
Се до 2008, гасот се сметаше за редок комодитет и цените на гасот ја следеа цените на нафтата, односно одеа нагоре. Од тогаш, геолошката убавина наречена камен гас од комерцијална фантазија стана реалност. Благодарение на камениот гас, производството во САД е на највисоко ниво уште од 1973.
Камениот гас е наречен „енергетска револуција“. Гасот е сместен во камените слоеви, во седиментите богати со калциум, длабоко под површината на земјата (огромните резерви Марцелиус се наоѓаат на 1,5 километар во длабочина). За да се истисне гасот, пумпите во каменот вшприцуваат мешавина од вода, песок и хемикалии, некои од нив и отровни, под огромен притисок. Овој процес, познат како растурање, е еквивалент на подземен земјотрес. Така се крши каменот и се ослободува гасот.
Во САД, во функција се илјадници извори на камен гас, кои ги зголемуваат набавките на гас, кои до пред само неколку години никој не можеше да ги замисли, и со тоа земјата стана трет најголем производител на гас во светот. И Канада е во играта со камениот гас, а компаниите „Енкана“ и „Талисман енерџи“ се во жестока потрага по домашни и меѓународни ресурси. Различни пресметки предвидуваат дека резервите на гас во Северна Америка се доволни за следните 100 години.
Каменот гас ги спушти цените на гасот. Со цена од 4 долари за илјада кубички фита, тие сега се на половина од нивната цена од 2009, па овој гас е единствениот комодитет што минатата година не поскапи. Некои аналитичари дури зборуваат и за слободно производство на гас во САД. Во февруарскиот извештај на „Барклис капитал“ за енергетската анализа, се истакнува дека „неколку извори на камен гас сега го создаваат евтиниот дел од кривата на цената“.
Дали може нуклеарното гориво, јагленот и обновливите извори на енергија да се споредуваат со огромните резерви на камен гас? Не можат. Дури и високи претставници од нуклеарната енергија го потврдуваат тоа.
Во говор во февруари во Вашингтон – еден месец пред распадот на јапонскиот реактор од земјотресот и цунамито – Џон Роув, извршен директор на „Екселон“, американската енергетска компанија, која поседува повеќе нуклеарни реактори (17) од кој било од нивната конкуренција, уверливо објави дека нуклеарната ера заврши. Во споредба со гасот, тој рече дека „ниту нуклеарното гориво, ниту јагленот збогатен со калциум ниту ветерот или соларната енергија се економични“.
И Џон Хес, шеф на „Хес корп“, компанијата за нафта, гас и рафинерија, која порано беше позната како „Амерада Хес“, се согласува со Роув.
– Нуклеарните централи едноставно не можат економично да се натпреваруваат со гасот – рече тој во почетокот на месецов во рамките на конференцијата ЦЕРА во Хјустон.
Не само што гасот е евтин туку и гасните централи се релативно џабе. Хес вели дека за изградба на нуклеарна централа се потребни десет години и 6 милијарди долари, а за термоцентрала три години и три милијарди долари. А за гасна централа? Две години и 1 милијарда долари.
Да бидеме јасни, гасот, камениот или конвенционалниот, не е чудесно гориво. Исто како што никој не сака нуклеарна централа во својот двор, така никој не сака ниту гасна. Ова само како пример за тешкотиите со кој се соочи „Онтарио пауер џенерејшн“ (ОПГ) во планирањето нова гасна централа. Ова го објаснува тоа што ОПГ инсистира на реконструкција на нуклеарките, без разлика на јапонската катастрофа.
Додека често гасот се смета за чисто гориво, ништо не може да биде подалеку од вистината. Почисто е од јагленот, а ниту приближно чисто колку нуклеарното гориво. Гасот кој гори произведува половина од карбондиоксидот, кој излегува од јагленот. Изградбата на гасни централи може да ја забави стапката на глобалното загревање. А испумпувањето на камениот гас може да биде соочено со проблеми од заштитата на околината. Во САД, индустријата на камениот гас е преплавена со судски тужби поради загадување на околината.
Сепак, не може да се негира дека камениот гас е радикална алтернатива во економичноста на производство на електрична енергија. Јапонската катастрофа не ја убива нуклеарната индустрија, туку гасот, кој просто го уништува валканиот јаглен. Е, тоа се добри вести.
Преземено од Дневник