Еден од најефикасните и најеколошки начини за загревање на еден објект е со помош на геотермална пумпа. Гео-термалната пумпа ја има таа способност да од ниско температурни извори (како што се подземната вода и земјата) да ја извлечи енергијата и да ја покачи на повисоко ниво потребно за загревање на објектите. Гео-термалните пумпи се делат според начинот на изведба на две групи: изведба со греење со отворен и изведба на греење со затворен круг. Разликата е тоа што кај изведбата на греење со отворен круг како извор на енергија се користи подземната вода, додека кај изведбите со затворен круг се користи топлината од земјата.
Eнергетската ефикасност на една гео-термална пумпа (COP) е четири. Со други зборови за секој потрошен киловат електрична енергија со помош на геотермалната пумпа се добиваат четири киловати топлина. За најдобри резултати се препорачува употреба на гео-термални пумпи кај објекти кои се со добра термичка изолација. Времето на поврат на инвестицијата доколку се вградува во објект кој е добро изолиран е 4 до 5 години. Друга одлика на геотермалните пумпи е тоа што речиси и да не е потребно нивно одржување и имаат долг век на трааење. Работат тивко, не ја загадуваат околината и дефектите се редкост доколку се квалитетно инсталирани и доаѓаат од реномиран производител.
Главен недостаток и веројатно единствена кочница зошто се ретко застапени е почетната инвестиција која се враќа за период не подолг од 5 години. Најисплатливо е ако се вградува кај нови градби и да се испланира целиот систем пред да се почни да се гради. Доколку се планира да се имплементира кај постоечки градби инвестицијата е нешто поголема а со тоа и времето на поврат на инвестицијата. Добар пример на имплементација на гео-термална пумпа во комбинација со добра термичка изолација е ОУ “Браќа Миладиновци” во Скопската општина Илинден кое се грее со геотермални пумпи.
One Comment
Zoran
Дали имате информации кои компании ги инсталираат овие системи во Македонија?