Дали некогаш сте се запрашале колкава површина е потребна за да се постават сончеви централи кој што ќе произведуваат електрична енергија потребна за да се задоволат сите светски потреби за енергија?
Глобално производство на сончева енергијаВо текот на 2009 година вкупната светска потрошувачка на електрична енергија достигна цифра од 20.279.640 GWh. Ова е навистина огромна потрошувачка, но сонцето секој час произведува огромни количества на енергија. Најголемиот проблем е да ја „зграпчиме“ оваа енергија и да ја трансформираме во електрична енергија. Сега доаѓаме до прашањето кое што го поставивме на почетокот на овој текст:
„ Дали некогаш сте се запрашале колкава површина е потребна за да се постават сончеви централи кој што ќе произведуваат електрична енергија потребна за да се задоволат сите светски потреби за енергија?“
Одговорот е едноставен и можеби неочекуван од страна на нашите читатели, но не се бара толку голема површина колку на прв момент делува.
На сликата прикажани следни податоци, од десно кон лево?
Најмалиот квадрат е површина потреба за да се намират германските потреби за електрична енергија, средниот квадрат се однесува на Европа, а најголемиот за целиот свет.
Овие податоци имаат информативна цел и покажуваат дека идејата за користење на сончевата енергија не е утопија и дека со инвестиции и здружување, целиот свет може да се ослободи од зависноста од фосилните горива.
Извор: efikasnost.org
3 Comments
Dalibor
И што ќе правиме кога ќе се стемни и ќе го снема сонцето?
Filkoski
Јавноста ја доведувате во заблуда, пласирајќи половични, делумно точни и целосно неточни информации. Ако сакате дополнителни објаснувања, повелете на разговор, за да можеме да ги расчистиме работите. За жал, светот е осуден на базирање на енергетиката врз фосилни горива барем уште неколку децении.
Срдечен поздрав, со препорака повеќе да се учи од основната литература, а не од интернет и од „рекла-казала“!
Р. Филкоски
Lovro
Vaka , procitav deka Germanija investira vo golema centrala vo pustinata Sahara, koja preku den raboti na sonceva energija a noce na plin.