Еден од поинтересните зелени бизниси кои би можеле да се отворат за сума под 3.000 евра е откупен центар за пластика и хартија. Зошто 3.000 евра? Па главно заради грант програмите кои се нудат преку Агенцијата за вработување, а кои се доделуваат на невработени лица со некоја идеја за бизнис. Имено, тоа е одличен начин да се започне бизнис, а при тоа да не се ризикуваат сопствени средства. Имено, во Македонија има доста вакви откупни центри, но далеку од тоа дека нема простор за нови слични претпријатија. Има голем простор за отворање на вакви претпријатија и големи количини на отпад кој не е искористен, а е соодветен за рециклирање.
Што е потребно за едно вакво претпријатие?
Очигледната прва работа би била да основате фирма која ќе се занимава со таа дејност како се би било по законот. Денес тоа се прави релативно лесно и доколку ви додели грант државата преку Агенцијата за вработување, тогаш државата бесплатно ќе ви отвори фирма. Следен чекор е да најдете соодветна локација за вашиот откупен центар. Најсоодветни места се некаде во близина на некој пат на некој излез, односно влез во градот. Ова е препорачливо од причина да има доволно простор за возилата, т.е. камионите за транспорт на вашите суровини до нивната крајна дестинација. Во исто време овие локации немаат преголеми кирии освен доколку се работи за некоја екслузивна локација со голема квадратура. Она што би било друго потребно е да си набавите машина за мелење на пластиката и машина за пресување како не би зафаќале суровините преголем простор во плацот. Измелена и пресувана пластика потоа зазема многу помалку простор отколку само пресувана или само мелена. Единственото останато нешто што би ви било потребно од техничка страна е една мини хала за складирање на хартијата да не биде оставена на сонце и дожд и една индустриска вага за да ги вагате суровините кои ќе ги носат збирачите на хартија и пластика. Вака спремни сè што ви треба би било само кеш за откуп на суровини од збирачите и сте спремни за работа. Што се однесува за тоа каде ќе ги продавате суровините тоа е лесно и лесно ќе се договорите со компаниите кои се занимаваат со рециклирање на хартија и пластика.
Како да ги убедите собирачите на хартија и пластика да ги носат своите суровини во вачиот откупен центар?
Со оглед дека во вашиот град ќе имате конкуренција во другите откупни центри потребно е да понудите нешто различно и подобро од нив сè со цел да ги привлечете збирачите на хартија и пластика да доаѓаат кај вас. За таа цел не ви е потребна некоја маркетинг кампања и да ги трошите парите на ТВ и радио реклами. Сè што треба е да ги пронајдете некои од збирачите и да им кажете дека вие нудите прогресивна цена за хартија и пластика. Што повеќе носат, ќе добиваат поголема цена за нивната хартија и пластика. Вакво нешто веднаш би се проширило во нивната заедница и би се дознало за условите кои ги нудите. Доколку сте сремни да работите чесно и под услови кои се прифатливи за нив голема е веројатноста дека никогаш нема да ви недостигаат суровини. Можеби има и подобри начини за развој на едно вакво претпријатие но ова е еден од начините за да се изведи тоа. Се надеваме дека овој текст ќе мотивира повеќе луѓе да почнат да се занимаваат со оваа дејност.