Главните играчи во германската енергетска индустрија следат неколку стратегии во исто време. За да ја надоместат нуклеарната енергија, тие инсталираат големи ветерници во Северното море, планираат нови модернизирани далноводи кој што ќе ја пренесат произведената енергија до индустриските центри. Во исто време компаниите како што се Siemens, GE и RWE, најголеми производители на електрична енергија во Германија бараат решенија да ги одржат фабриките во период кога нема интензивна циркулација на ветерот и во време кога нема голем број на сончеви часови. Тие бараат евтини и големи капацитети за складирање на енергијата, надевајќи се во компјутерите, како моќна алатка за интелигентно координирање на милиони на диспензирани извори на енергија. .
Колку се ова ќе ги чини Германците? Проценките варираат, а овие варијации зависат од тоа колку брзо ќе се воведе новата технологија. Според направените анализи оваа транзиција ќе вреди помеѓу 100 и 200 милијарди евра. Долгорочните трошоци, вклучувајќи ги и трошоците на затворањето на нуклеарните централи ќе бидат многу поголеми.
Германија веќе ги плаќа овие трошоци – секоја сметка за електрична енергија (освен за тешката индустрија) во себе содржи такса за обновливи извори на енергија која што изнесува 15%. Цената на електричната енергија на големо порасна за 10%, а поради затворањето на 8 големи нуклеарни централи германската електро мрежа е во континуиран стрес. Она што е иронично, доколку ги гледаме целите на Energiewende, е тоа што емисијата на штетните гасови порасна, бидејќи се зголеми ангажираноста на јаглените термо централи.
Но и покрај големите трошоци, Германија ќе има големи бенефити од овој голем експеримент. Во минатата деценија, Германија создаде не само ефикасна технологија која што ја користи ветерната и сончевата енергија, туку во исто време создаде ефикасни софтверски решенија за управување на ефикасни индустриски процеси. Сите овие зелени технологии вредат околу 10 милијарди евра. „Создадовме знаење кое што можеме да го продадеме“, изјави Миранда Шреурс директорка на Истражувачкиот центар за политика на животната средина на Слободниот Универзитет во Берлин. Владините мерки можат да обезбедат дополнителни поттикнувања за развој и примена на нови технологии.
Доколку Германија не успеа во оваа транзиција, таа ќе може да обезбеди функционален план за други индустриски држави, која што веќе се соочуваат со притисоци за трансформација на својата енергетска потрошувачка. „Доколку Energiewende успее во Германија, тој ќе стане шаблон за сите други држави“, изјави Грејем Вил главниот економист на RWE, кој што се соочува со проблемот како да ги затвори своите нуклеарни централи а да не пропадната. „Доколку не функционира, тој ќе биде штетен не само за германската, туку и за вкупното европско стопанство“.
Продолжува…
Извор на текстот:Veliki nemački energetski eksperiment Build magazin