Во Ерланген, гратче оддалечено околу 20 километри од Нирнберг, силното обезбедување ги дочекува посетителите на комплексот на индустриски објекти во кој што се лоцирани лаборатории на енергетскиот гигант Сименс. Инаку Сименс е една од неколку компании кој што се активно вклучени во енергетската програма „Energiewende“. Во една од зградите е поставен генератор со инсталиран моќност од 30 мегавати, кој што се поставува на ветерници кој што се поставуваат во Северното море.
На Германија и е потребна оваа технологија бидејќи и е потребен стабилен извор на ветер кој што е пронајден на Северното море, далеку од крајбрежјето – далеку од стандардната AC рутата за пренос. До денес, Германија инсталира околу 500 мегавати на ветерни генератори кој што се лоцирани во Северното море, оддалечено околу 80 километри од крајбрежјето. Денес енергетските компании планираат да инсталираат 10.000 мегавати на ветерни генератори кој што се оддалечени околу 160 километри од крајбрежјето. За оваа намена Германија по прв пат ќе постави комплетна енергетска инфраструктура која што ќе биде поставена на морето. „Никој до сега не го направи ова – изградба на комплетна енергетска инфраструктура во овој обем и на ваков начин“ изјави Лекс Хартман директорот на корпоративен развој на компанијата Тенет, холандската електродистрибутивна компанија.
Но не е работата произведената енергија да се донесе до брегот туку таа треба да стигне го големите индустриски капацитети кој што треба да ја искористат. Потребно е да се изгради 3,800 километри на нови далноводи, но до сега е изградено само 200 километри, поради регионалните политичари кој што го одложуваат напредокот и поради неволните сопствениците на земјата низ која што треба да помине далноводот. Одложувањето и новите технологии, го ставаат под знак на прашање германскиот програм на нови ветерни централи. „Никој не знае колку на крај ќе не чини Energiewende, особено новите ветерници. Тие се всушност пилот проекти“, изјави Карен Пител, економист на Универзитетот во Минхен.
Но тука не е крај на неизвесностите. Дури и со сегашниот ниво на ветерната енергија, кога има голема циркулација на ветер, операторите на мрежата мораат да ги гасат ветерниците, поради вишокот на енергија кој што нема каде да се потроши. Слично е и со сончевите централи. Доволно е да помине едно облаче и да енергетскиот излез од фотонапонските панели во одреден регион падне за неколку стотини мегавати.
Без доволни количества на евтина, стабилна енергија, која што може да ја поддржи високо – технолошката индустрија и транспортниот систем, германската економија (и во исто време и европската економија) може да биде во голем проблем. Во овој момент неколку германски компании градат нови енергетски објекти во други држави. Така на пример хемискиот гигант „Wacker Chemie“ донесе одлука да изгради полисиликонска фабрика во Тенеси (С.А.Д). Ова одлука е донесена и делумно поради фактот што енергетските трошоци во Германија се повисоки отколку во С.А.Д.
За да ја избегне катастрофата, Германија ќе мора да ја распределува технологијата на складирање на енергија, како и да ја развие стратегијата на балансирање на енергијата. До денес Германија поседува 31 реверзибилни хидроцентрали. Овие хидроцентрали можат да складираат околу 38 гигават часови на електрична енергија. Ова можеби делува како големо количество на електрична енергија, но ова е помалку од 90 минути на максимално користење на германските ветерни централи.
Батериите можат да го решат проблемот, но нивната цена е во овој момент превисока. Во другата лабораторија на Сименс, експериментира со големи литиум-јонски батерии. Секоја батерија може да напојува околу 40 германски фамилии за еден ден, но овие батерии се прескапи за користење.
„Нашата цел е да искористиме софтвер за да трансформираме голем број на централи кој што ги користат обновливите извори на енергија во голема електро мрежа која што ќе биде стабилна“, изјави Отмар Еденхофер, главниот економист во Институтот за истражување на влијанието на климата во Постдам. „Дизајнирање на пазарот на електричната енергија ќе се смени, ќе имате побарувачка која што ќе биде променлива и во исто време понуда која што е променлива.“
Дуизбург е издржлив град, кој што во времето на втората светска војна беше голем производител на муниција и кој што по втората светска војна излезе разрушен од страна на сојузничката авијација. Денес, Дуизбург е град каде што германската компанија RWE една од четири најголеми германски компании од областа на енергетика,работи на развој на една нова технологија – виртуелни централи, каде што софтвер интелигентно ги контролира огромниот број на мали извори на енергија. Ова е одличен концепт кој што допрва треба да се развие.
Во рамките на лабораторијата која што е сместена во поранешен нацистички бункер, истражувачите на RWE тестираат неколку котли на природен гас и горивни ќелии дизајнира да генерираат топлина и електрична енергија. Во теорија, електростопански компании можат да повикаат на илјада мали домаќинства и станбени објекти кој што во исто време можат да бидат и производители на електрична енергија за генерирање на дополнителна електрична енергија за случај на крајната нужда. Дури 5% од производството може да биде произведена на ваков начин.
Оваа цел може да се реализира за неколку децении, кога сопствениците на своите станбени објекти, малите компании почнат да ги сменуваат своите постоечки котли а самата енергетска инфраструктура се постави на таков начин да може да ги синхронизира сите мали производители на енергија. Во исто време, инженерите веќе тестираат поскромна мрежа, која што ги синхронизира 120 мали производители на електрична енергија, кој што заедно произведуваат 160 мегавати на електрична енергија – повеќето од ветерни генератори, централи кој што користат биомаса и сончева енергија. Софтверот во предвид ја зема и временската прогноза и создава блок на обновливи извори на енергија – ветерни централи или сончеви централи, палејќи ги или гасејќи ги централите на биогас, точно толку колку што е потребно за да се воспостави рамнотежа на променливата излезна енергија и за да се создаде блок на стабилно снабдување.
GE и други компании ги следат овие концепти. „Оно што знаеме е дека енергетскиот пазар ќе биде децентрализиран – тоа ќе биде фрегментиран пазар. Порано имавме 4 големи компании кој што беа главните играчи на енергетскиот пазар. Денес имаме 350 компании кој што произведуваат енергија, утре ќе имаме на илјада компании, а можеби и милион доколку ги сметаме и сончевите панели поставени на покривите. Значи повеќе внимание ќе посветиме на управување на напојување а не на производството на електричната енергија“, изјави Реимелт од GE.
Продолжува….
Извор на текстот:Veliki nemački energetski eksperiment Build magazin