Од удобната канцеларија на Волфанг Маерна, градоначалникот на Гундреминген, малото гратче во Баварија се гледаат ладилните кули на Б и Ц блоковите на најголемата нуклеарна централа во Германија. Вкупниот капацитет на оваа централа изнесува 2600 мегавати. Градоначалникот е загрижен поради програмата „Energiewende“ поради фактот што оваа централа, поточно блокот Б, ќе се затвори во 2017 година, додека блокот Ц ќе се затвори во 2021 година. Со затворањето на овие енергетски капацитети, без работа ќе останат околу една стотина жители на оваа мало место во Баварија и во исто време општината ќе остане бес дополнителни даноци. Она што никој во оваа мало место не го разбира е зошто овој капацитет кој што е изграден во 1989 година мора да се затвори?!
Но градоначалникот Маер, не е единствениот кој што е загрижен. Во сегашната енергетската политика постојат големи нелогичности. Одлуката да се затворан нуклеарните централи, ќе ги пренасочи енергетските компании во поголема експлоатација на јаглен. Така на пример енергетската компанија RWE во 2011 година, во непосредна близина на Германско – Белгиска граница, согради две термо централи кој што користат најнеквалитетен вид на јаглен – кафеав лигнит.
„Доколку преку ноќ ги затворите сите осум нуклеарни централи, кој што продуцираат негативни емисии на CO2, вие ќе ја зголемете емисијата на овие емисии. Едноставно морате да се пренасочите кон јагленот. Едноставно не можете да направите нагли промени“, изјави Вил.
Другиот проблем е со обновливите извори на енергија – Германија не го наградува намалувањето на штетните емисии на CO2. Наместо наградувањето, енергетската политика на Германија воспостави систем на субвенции за специфични технологии – произведениот киловат час во сончевите централи се наградува повеќе од произведениот киловат час во ветерните паркови.
Во последните години субвенциите за сончевата енергија се помали отколку пред 10 години, но сепак тие се поголеми отколку субвенциите за други видови на обновливи извори на енергија. Но доколку енергетската политика се фокусира на намалување на штетни емисии на гасови, поголеми количества на пари ќе се пренасочат кон енергетската ефикасност. „Доколку ги изберете оптималните инструменти, фокусирајќи се на оние области каде што можете најевтино да ги реализирате своите цели, нема да се фокусирате на обновливите извори на енергија, туку на енергетската ефикасност“, изјави Пител, економиста од област на енергетика од Минхен.
Денешните субвенции, не ги поттикнуваат иновациите, туку постоечките технологии ги прават попрофитабилни. Не се субвенционираат технологиите кој што, за пример, радикално ќе ги унапредат новите фотонапонски технологии.
За одредени германски економисти, енергетската политика на Германија иди по погрешна насока. Ханс Варнер Син, претседател на ИФО институтот за економски истражувања на Универзитетот во Минхен е најголемиот критичар на германската енергетска политика. „Програмата не не носи никаде, бидејќи зелените технологии не можат да бидат доволни за да ги покријат енергетските потреби на современото општество. Одлуката да се угасат нуклеарните централи е погрешна, бидејќи истите продуцираат евтина енергија, е ветерната и сончевата енергија не се во можност да ја обезбедат. Енергетско интензивната индустрија ќе се исели, а конкурентноста на германскиот производен сектор ќе се намали или пак од друга страна платите во овој сектор ќе се намалат“.
Од друга страна германските политичари го негираат Ханс Варнер Син. Во прилог на политичарите иди фактот што цените на сончевите панели во последните неколку години се значително намалени, трошоците на складирање на енергија го пратат овој тренд. Доколку фосилните горива продолжат да поскапуваат, обновливите извори ќе станат поатрактивни.
„40 години се долг период, а ние секојдневно се изненадуваме со поволни технолошки трендови. Од моја страна енергетската програма делува предизвикувачки. Во сегашниот момент таа делува песимистички, но со вистинските поттикнувања, можеме да веруваме дека технолошкиот прогрес ќе биде значително побрз отколку ние тоа го очекуваме“, изјави Вил.
Извор на текстот:Veliki nemački energetski eksperiment Build magazin