Германија донесе одлука за големо намалување на емисија на штетни гасови кој што предизвикуваат ефект на стаклената градина. Во исто време, паралелно со овој процес Германија постепено ги затвора своите нуклеарни централи. Дали високо развиена индустриска држава како што е Германија може да ја напојува својата економија само со сончеви централи и ветерници?
Покрај малиот селски пат во германската држава Северна Рајна Вестфалија живее земјоделец, Ноберт Леурс. Ноберт до пред некое време се занимаваше со одгледување на компир и свињи. Но неговиот нов потфат ја рефлектира енергетската политика на Германија. Во 2003 една мала компанија која што се занимава со ветерни генератори подигна ветерна турбина со височина од 70 метри, една од 22.000 ветерници кој што се подигнати во Германија. Оваа турбина е поставена на имот на Ноберт која што добива 6% од продадената електрична енергија што изнесува околу 6.800 евра на годишен ниво. Денес Ноберт размислува за подигнување на уште две – три ветерници кој што ќе бидат дупло поголеми од првата.
Заработката од овие турбини е минимална во споредба со заработката од сончевите панели. Во 2005 година Ноберт доби информација дека владата бара од локалните енергетски компании да плаќаат големи трошоци за кровни сончеви централи – без разлика дали времето е сончево или облачно, дали покривите се правилно ориентирани или не. Ноберт зеде кредит, кој што ќе го враќа во наредните 7 години, на своите покриви постави сончеви панели со инсталирана моќност од 690 киловати. Денес тој заработува 200.000 евра на годишен ниво, а според направените пресметки, од кога ќе го врати кредитот тој ќе има профит од околу 1,4 милиони евра.
Ноберт не е единствен човек кој што го направи ова. Оваа приказна лесно го објаснува фактот како Германија успеа да 20% од вкупното производство на електрична енергија доаѓа од обновливи извори. За споредба тој процент во 2000 година изнесуваше само 1%. Но онаа што е следува е уште потешко.
Имено германската влада во 2010 година прогласи дека ќе направи „Energiewende“ или поточно енергетска транзиција поточно енергетска револуција. Овој премин од фосилните горива на обновливи извори на енергија е најамбициозен проект кој што за цел има да ја намали емисијата на штетните гасови за 40% од ниво од 1990 година а за 80% до 2050 година.
Поставената цел е голем предизвик, но донекаде е олеснат бидејќи Германија веќе 20% од произведената енергија ја добива од своите нуклеарни централи која што има минимални емисии на штетни гасови. Но, во 2011 година како одговор на нуклеарната катастрофа во Фукушима, германската канцеларка Ангела Меркел нареди затворање на осум најстари нуклеарни централи. Неколку месеци подоцна германската влада усвои план на затворање на сите нуклеарни централи до 2022 година.
Германија пред себе постави голем експеримент кој што може да има последици по цела Европа, која што голема мерка зависи од германската економија. Германија треба да изгради и да ги користи обновливите извори на енергија со големи но неизвесни трошоци со истовремено намалување на трошење на енергија и сето ова не смее да ја загрози германската индустрија која што се потпира на континуирана енергија по нормална цена.
„Во одредена смисла Energiewende е политичка изјава која што нема соодветно техничко решение“, изјави Стефан Реимелт директорот на „GE Energy Germany“. „Германија сама себеси се тера кон иновации. Тоа создава голема индустриска лабораторија. Ние ќе мораме да ги испробаме сите технологии за да ја реализираме поставената целта“
Продолжува….
Извор на текстот:Veliki nemački energetski eksperiment Build magazin