Граѓанските организации од Македонија кои сакаат да делуваат во сферата на енергетиката, eнергетската ефикасност и заштитата на животната средина, од денеска па натаму имаат водич како да го сторат тоа. Во рамки на проектите „Зајакнување на улогата на невладините организации во рамки на собранискиот дијалог за ублажување на климатските промени и енергетска ефикасност“ (финансиран од Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за енргетска ефикасност) и „Зајакнување на улогата на невладините организации во јавниот дијалог за заштита од климатските промени во ЈИЕ„ (финансиран Германската агенција за животна средина) се изготви водич во кој на јасен начин се објаснуваат сите чекори кои треба да се превземат од граѓанските организации, но и засегнатите чинители со цел реализација на одржливи проекти од полето на енергетската ефикасност. Повеќе информации можете да јадете во самиот водич, прикачен на овој линк.