Она што во овој период на годината ни го окупира нашето внимание, покрај тоа како и како ќе ја дочекаме Новата Година, е да ли дрвата која што ги купивме ќе ни стигнат до крајот на грејната сезона или пак колкави ќе ни бидат сметките за потрошената електрична енергија. Но еве еден пример од нашите северните соседи, кој што може да Ве инспирира за тоа на каков начин ќе се греете наредната година или веќе сега да го сменете начинот на греење.
Живица Терзиќ од Мокрин, е дипломиран агроном, кој што и магистрира на земјоделскиот факултет во Нови Сад. Знаењето кое што го доби на факултетот, го примени во својата куќа и конструира котел на биомаса, па така наместо гас користи жетвени остатоци како основно гориво за добивање на топлинска енергија. Котелот „јаде“ се – од балирана слама, кочанки, гранки од овоштарници, остатоци од сончоглед…..Поради овој котел тој наместо 1.000 + евра кој што ќе ги трошеше во претходните години ќе потроши четири пати помалку пари.
„Знаењето кое што го добив од страна на професорот Миладин Бркиќ и Тодор Јаниќ, го применив во пракса и направив котел кој што користи секаков вид на биомаса. Оваа година ќе потрошам околу 300 евра за греење, што е околу четири пати помалку од колку да се греам на природен гас. Иницијалните вложувања не се мали, но самата инвестицијата се враќа во период од две години. Вклучувајќи ги радијаторите, цевките како и материјалот за изработка на котелот инвестирав помалку од три илјади евра. За споредба, цената на самиот котел на биомаса се движи помеѓу 1.500 и 3.000 евра.“, изјави Живица.
Тој е убеден дека греењето на биомаса има добра перспектива, особено во руралните места поради подобрата достапност на суровината. Но за жал состојбата во Србија е слична како и во Македонија – житните остатоци се палат на самите ниви, наместо да ја искористат како гориво за греење.
Луѓето се сè повеќе интересираат за ваков вид на котли, па така младиот Живица размислува да го комерцијализира неговото знаење.
„Предностите се големи, мојот пријател има ист котел како мене. За да ја загрее неговата куќа од која што има 15 метри квадратни, тој потрошил 150 евра, толку имено кошташе сламата која што ја имаше пазарено од локалната компанија.“, изјави Живица.
Се надевам дека овој пример на младиот Живица, ќе стане инспирација на нашите земјоделци.
One Comment
jane
me interesira kako ovaj proces na zatopluvanje funkcionira,odnosno kako se pravi kotelot ili od kade se kupuva ili nabavuva i kakva e negovata funkcija ? odnapred vi blagodaram .