Пред неколку недели пишувавме за примена на обновливи извори на енергија во земјоделие. Имено и оваа стопанска гранка е извор на обновливи извори на енергија – биомаса, биогас, биодизел.
Е сега како овие извори да се искористат на една фарма и кои се погодностите на овие извори? Секако биомасата можеме да ја искористиме за греење на станбениот објект кои што се наоѓа на фармата, или биодизелот да го искористиме како гориво за напојување на трактори….или за догревање на пластениците. Основната предност на овие извори е пред се нивната достапност. Имено самата фарма создава биомаса која понатаму може да се искористи за добивање на енергија.
Но да видиме на еден пример, конкретно се работи за пластеник, како биомасата може да се искористи.
Големина на пластеникот: 8 х 30 = 240 m2
Основната енергетска суровина за загревање на пластеник отпадна биомаса – слама.
Специфичната топлотна загуба по еден метер квадратен (qsp) изнесува помеѓу 200 – 250 W/m2. За понатамошни пресметки вредноста на qsp ќе изнесува 200 W/m2.
Врз основ на овие параметри, можеме да ја пресметаме потрошувачката на горивото, која изнесува 19,60 килограми за еден сат. Потрошувачката на горивото за една грејна сезона изнесува (180 денови) 18 тони на слама или 5 тони на лесно масло по пластеник.
Е сега овој број може да варира, а тоа зависи пред се од климатските услови, средната годишна температура, квалитет на комплетниот систем за греење, квалитет на сламата (влажност), квалитет на изградениот пластеник, внатрешната температура на пластеникот.
Можеби е веќе време да размислите за инвестирање во котли кои што ја користат биомаса за греење на пластениците, посебно ако имаме во предвид дека цената на мазут и понатаму ќе расти. Минималната цена на еден ваков котел изнесува околу 5000 евра. Оваа инвестиција може да биде и до 50% помала доколку ги искористите средствата од ИПАРД програмата.