Неколку произодители на автомобили планираат да додадат безжична способност за полнење на електричните возила, но можеби Гугл е меѓу првите што всушност ќе ја спроведе оваа технологија.
Неколку репортажи известуваат дека команијата е во процес на инсталирање на систем за безжично полнење на автомобилите, кој ќе биде искористен и тестиран на нивните самовозачки автомобили. Исто така, известуваат дека овие системи ќе бидат инсталирани од страна на Hevo Power и Momentum Dynamics компаниите. Двете компании нудат технологија што ќе може да обезбеди безжично полнење преку плочи вградени во земјата, што е далеку подобар начин за полнење на електричните автомобили во споредба со полнењето со кабли.
Сеуште нема информација кога ќе биде достапна оваа технологија, иако назад во 2014 година е истестирана на БМВ i3 и i8 моделите, а имаше и шпекулации дека новата генерација на Тојота Приус , исто така, би можеле да ја понудат оваа технологија.