Ова година Р. Македонија ќе биди побогата за нов хидроенергетски објект (конечно!). Имено се работи за ХЕЦ „Света Петка„ на река Треска. Со изградбата на ова хидро централа ќе се искористи енергетскиот потенцијал на реката Треска. Да подсетиме, пред ХЕЦ „Света Петка„ на оваа река е изградена ХЕЦ „Козјак„ со инсталирана моќност од 80 MW и ХЕЦ „Матка„ со инсталирана моќност од 9,6 MW.
Но да се вратиме на ХЕЦ „Света Петка„. Изградбата на овој објект започна уште во 2004 година. Тогаш компаниите „Маврово инќенеринг„ и „Бетон„ го пробија пристапниот пат, и ги изградија опточниот тунел и преливната шахта. Лоцирана е помеѓу новата ХЕЦ Козјак и старата ХЕЦ „Матка„. Вкупна инсталирана моќност на оваа централа ќе изнесува 36,4 MW. Браната е двојна лачна, со висина од 69 метри, должина на круната од 118 метри и волумен од 24.600 метри квадратни. Акумулацијата при максимално ниво ќе покрива површина 0,62 километри квадратни и ќе биде долга 11 километри. Нејзиниот вкупнен волумен ќе достигнува 9,1 милиони метри кубни вода, а активниот волумен ќе изнесува 1,1 милион метар кубен. * (Извор)
Вредност на оваа инвестицијата на „ЕЛЕМ“ изнесува околу 64 милиони евра – 23 милиони сопствени средства на компанијата а 41 милион се кредитни средства. Првобитно оваа централа требаше да се пушти во погон уште во 2009 година. Изведувач на градежните работи е словенечката компанија „Рико„.
Погледнете ги фотографиите од изградбата на оваа централа:
Сликите се преземени од сајтот на компанијата „Рико„
One Comment
Dr.Habek Nenad
prvi riba-friendly hidroelektrana u svijetu https://www.habek-wasserkraftwerke.de/index.php/de/broschueren