Едно од поконтроверзните истражувања кое излезе во последните неколку години а позади кое сепак имаше реномирани научници е она на една група на бразилски експерти кои тврдат дека хидроенергијата не е чиста енергија. Имено од своето истражување тие заклучиле дека околу 4 отсто од глобалното затоплување се случува како последица на хидроцентралите.
Така според Бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (институцијата преку која биле извршени овие истражувања) секоја година речиси 104 милиони метрички тони метан се испуштаат годишно од хидроцентралите. Во предвид биле земени 52 000 од најголемите хидроцентрали во светот. Така доаѓа дека дека хидроцентралите се најголем единствен извор на емисии на метан предизвикан од човекот. Сето тоа сериозно се коси со тврдењата дека хидроенергијата е чиста енергија споредено со другите начини на производство на енергија и дека хидроцентралите испуштаат мошне мали количини штетни гасови кои влијаат мошне малку врз глобалното затоплување.
Нивниот главен исражувач и експерт по ова прашање Иван Лима оди тврди дека ако се земе во обзир метанот кој е ослободен од површината на турбините и на резервоарите емисиите на штетни гасови во Индија се за 40% поголеми од оние кои се сметаат за официјални. Сепак без разлика на тоа тврдење Индија се смета како земја во развој и не е обврзана за намалување на своите емисии на штетни гасови иако е еден од најголемите загадувачи во светот. Она што е карактеристично за метанот е тоа што иако тој не опстојува во атмосферата колку и CO2 сепак неговиот потенцијал за задржување на топлината е 25 пати посилен.
Мошне интересен податок добиле овој тим на научници кој вели дека доколку се вкалкулираат штетните емисии на гасови на хидроцентралите во Бразил тогаш испаѓа дека тие заедно придонесуваат повеќе за глобалното затопување одколку централите на фосилни горива. Иако нивната матична држава Бразил добар дел од својата енергија ја црпи токму од хидроцентрали овие научници апелираат во емисиите на штетни гасови да почнаат да се вкалкулират и испуштањата на метан во атмосферата кои доаѓаат од хидроцентрали.