Во денешните модерни згради, купатилата не претставуваат само простори за вршење на најосновните човекови потреби, туку се и во голем дел и простори за лична релаксација, освежување и уживање.
Сосема е нормален фактот дека значаен временски период и значајна сума на пари се вложуваат во изградбата или реконструкцијата на купатилскиот простор што и впрочем е и по избор на самиот корисник на просторот.
Целата таа визуелизација се променува кога купатилото пројавува влага и често станува подложно на изложеност на продор на вода од зидовите, прозорците, подовите и сл.
Неуспешноста на хидроизолацијата на вашето купатило не само што влијае врз изгледот на вашиот дом, туку во исто време создава и дополнителни проблеми.
Иако мокрите чворови зафаќаат помалку од 10% од просторот од површината на објектот, трошоците за годишно одржување на таквите купатила може да варираат од 35-50% од вкупната цена за одржување , нормално во зависност од самиот објект.
Нормално е материјалите и компонентите кои се користат во купатилото зза правење на подови, зидови, архитектонските елементи, елементите за декорирање итн, вклучуваат водоводни и канализациони цевки и санитарија се подложни на природните движењаи затоа како резултат на тоа плочките можат да почнат да се кршат и поместуваат. Ова доведува исто така и до проток на вода и појава на влага на подот и по ѕидовите.
Со помош на хидроизолацијата на купатилата се осигуруваме дека хидроизолационите системи се применети на правилен начин и со комплетна посвета и внимание. Погрешниот избор и неправилна примена на хидроизолационите системи доведува до појава на прерани оштетувања и проток на вода и појава на влага, а самото исправување на проблемите доведува до зголемени трошоци, долготрајни процеси на реконструкција и реновација- што нормално ниикој од нас не би сакал да се соочи со нив.
Главната цел на поставките во хидроизолацијата во делот на мокрите чворови е да се намали движењето на водата низ подот или продорот на влагата низ ѕидовите и таванот.
Каде најчесто се јавува појава на протекување и влага во купатилото и заради кои фактори?
- Протекување на вода низ конструкцијата поради употреба на материјал со лош квалитет или недоволна водонепропустливост кој се јавува поради неправилно поставување, додека пак главниот извор на водата останува незабележан и без надзор се до појавата на протекување.
- Протекување низ порозен бетон поради лош дизајн на мешавина и неадекватно мешање на бетонот кој во случајот ќе ја задржува водата и ќе биде повлажен подолго време.
- Пукнатини во плочките на места каде има продор на водата. Доколку плочките не се постават на своетоместо на правилен начин, тие ја губат својата цврстина со текот на времето и се оштетуваат и напукнуваат со текот на користењето.
- Одлепување на плочките поради неадекватен материјал за поставување на плочки, неправилна примена на материјалот и прекумерно собирање на подлогата после неправилно мешање и недоволно сушење
- Појава на рѓа на металните елементи во купатилото и појава на мувла поради миграција на влагата и протекувањето од цевките.ова предизвикува појава на мувла, габи и алги на површината на елементите поради влага која подолго време се задржува на истите површини, како и поради слабата вентилација и недоволното сушење на водата во просторот.
- Протекување на местата на влезовите и излезите на цевките од ѕидовите/подовите и местата каде има спојување на цевки. Затоа просторот околу спојувањата и околу цевките воопшто треба да е посебно заштитен за да не предизвика особено висока и скапа штета.
- Протекување околу славините. Поради неправилно поставување на славините на подните површини може да дојде до продирање во конструкцијата воопшто на целиот објект.
Како да го хидроизолирате вашето купатило?
Целокупниот под заедно со слој од 30 цм висина по сите ѕидови мора да се прекрие со погодна полимерска модифицирана хидроизолациона мембрана на база на цемент која се нанесува со четка.
Таквата ходроизолација мора да биде нанесена на правилен начин. Пред нанесувањето на оваа мембрана, потребно е да се погрижите нитуа една честица од прашина или нечистотија да не се јави врз површината затоа што може да предизвика штета на хидроизолацијата. Хидроизолационата мембрана, би требало да се препушти минимум 15 цм по подот на соседната поврпина, а изборот на материјалот за газење треба да биде бетонски или керамички, со што се обезбедува вишокот на вода да не пројде надвор од купатилото во другите простории.
Аглите помеѓу подовите и ѕидовите би требало да биде обработен со хидроизолациони полимери и на нив мора да обрнете особено посебно внимание поради тоа што тие се често под продор на вода.
Поставката на водоводни и канализациони цевки во подот и ѕидовите мора да биде изработено со добра заштита на цевките со хидроизолациона трака. Секој продор низ ѕид и под мора да биде добро обработен, заштитен и запечатен.
Хидроизолационата мембрана се применува на ѕидовите до висина одминимум 180 цм (или до плафонот по желба). Мембраната би морала да биде доволно еластична за да би обезбедила и движење.
Пред поставувањето на плочките на подот, треба да спроведете тест за пенетрација на водата како би се осигурала водоотпорноста на истиот. Плочките можете да ги поставите со користење на полимерни лепациза плочки, а фугите би требало да се исполнат со квалитетно пополнување така што не би продреле низ нив. Потребно е исто така да обрнувате внимание и да ги запазувате препораките на произведувачите на материјалите со што би обезбедиле сигурност во монтирањето и нормално функционалноста на секој елемент засебно и соодветно.
Особено добро би било да обрнувате особено внимание на појвата на првите габи, мувли и бактериии. Доколку во тие делови забележите неисполнување и несоодветност на фугите, користете материјал за фугирање и намалете ја нивната појава во иднина.
Особено е битно да се запазе правилото дека плочките треба да бидат поставени на растојание од 2мм мин од себе со помош на фугите, а фугите да бидат исполнетисо водоотпорен епокси потполнувач- отпорен на температурни промени како и на хемикалии и бактерии.
За да спречите појава на вода и влага по ѕидовите користете водотпоренлепак за плочки наместо материјал за пополнување. Цементиот има тенденција да се собира, што воедно е и една од основните причини за пукање наплочките , пренесува звук а истовремено предизвикува појава на одлепување на плочките.
Избегнувањето на користењето на силни хемикалии за отстранување на флеки и нечистотии од плочките е одличен начин за нивно одржување, а воедно одржување и на нивниот сјај. Нивното РН ниво е доброизбалансирано да ги отфрли упорните флеки од тврдата вода и сапун и да обезбеди сосема сјајен и блескав изглед за вашето купатило.