Како и Македонија и Хрватска има голем број на сончеви денови, особено во нејзиниот приморскиот дел. Во континенталниот дел, конкретно во околината на Илок, бројот на сончеви денови изнесува 260. Овој број на сончеви денови, како и некој други параметри, покажаа дека околијата на овој град е поволна за изградба на сончеви централи за производство на електрична енергија. Во таа насока се создаде заедничка компанија „C5 Енергија“ која што ја започна реализацијата на проектот на изградба на сончева централа со инсталирана моќност од 2MW. Централата ќе се изгради на место кај што до пред некое време се одгледуваше лозје.
Администрацијата голем проблем
„Најголемиот проблем ни е папирологијата и администрацијата. Да немаме толку големи проблеми, централата одамна ќе беше изградена. Со почетокот на наредната година ќе ги започнеме работите на изградбата на сончевата централа, а се надеваме дека некаде во јуни месец 2013 година, ќе потечат првите киловат часови од оваа централа.“, вели Игор Вучковиќ, еден од сопствениците на компанијата која што ја гради централата.
Игор вели дека граѓаните се заинтересирани за поставување на сончеви панели за производство на електрична енергија. Тие се според него во исто време и заинтересирани но и сомнителни, во оваа технологија. Планираме да работиме исто како и во Германија.
Имено, сопственикот на куќата има можност сам да го плати поставувањето на сончевите панели или пак да аплицира за кредит со кој што ќе го плати инсталирањето. Нашата компанија ќе му помогне во приготвувањето на сите неопходни документи, сопственикот на објектот истите ги потпишува. Кредитот ќе го враќа од произведената електрична енергија.
Колку долго ќе го враќа кредитот зависи пред се од кредитните услови кој што ќе се договорат со банката. Она што радува е дека постои можност инсталираниот сончев колектор да биде во сопственост на банката се додека не се врати кредитот или пак во однос 50/50.
Профитабилна работа
„Во зависност од договорените услови кредитот може да се исплати за 4-5 години или пак за подолг временски период. Од кога ќе го вратите кредитот, сончевиот систем произведува дополнителен приход. Она што треба да се знај е дека Хрватската регулаторна комисија ја откупува произведената електрична енергија во наредните 14 години. Се работи за навистина профитабилна работа, која што може да донесе солидна заработка.“, објаснува Вучковиќ, додавајќи дека неговата компанија преговара со голем број на домашни банки кој што би можеле да го овозможат овој вид на кредитирање.
Според неговите податоци за сончев систем кој што има инсталирана моќност од 10 KW потребно е да имате кров кој што има 66 метри квадратни. Самата инсталација кошта помеѓу 17.000 и 25.000 евра.
Вучковиќ тврди дека целиот систем може да се постави за само еден ден. Објаснувајќи ја инвестицијата тој вели дека еден сончев систем од 10KW дневно може да произведе до 100 киловат часови. Ако е откупната цена на еден киловат час 2,63 куни тоа значи дена еден ваков систем може да произведе електрична енергија во вредност од околу 263 куни. (еден евро вреди околу 7,5 куни)
Поголема моќност повеќе произведени киловат часови а и цената на произведениот киловат час е пониска а заработката поголема. Се подразбира дека дел од произведената електрична енергија може да биде искористена за енергетските потреби на самиот објект.
„Ваков вид на работење во Германија донесе до тоа дека оваа држава е лидер во производство на електрична енергија добиена од сончеви системи. Ние сме како што реков во преговори со неколку банки па се надевам дека нашите напори ќе дадат добар резултат.“, изјави Вучковиќ.
Извор:domivrt.vecernji.hr