Кај досегашните класични, НЕИНВЕРТОРНИ клима уреди , постојат два електрични потрошувачи , компресорот со вентилаторот (кој кај SPLIT системите, а такви се речиси 95% од досега инсталираните уреди, се наоѓа надвор од просторијата која се климатизира) и турбината, која се наоѓа внатре во делот кој ја климатизира и е во самата просторија.
Кај 3kW класичен клима уред, на пример, моќноста на компресорот со вентилаторот е околу 1,2kW, а на внатрешната турбина околу 30 W ,т.е. 0,03kW. Од ова се гледа каде најповеќе се троши електричната енергија.
Последниве неколку години , управувањето на компресорот , а преку него и со целиот уред , беше подобрено со воведување на новата техника на фреквентна регулација на брзината на компресорот т.е. таканаречена ИНВЕРТОР техника. Со неа навистина се штеди електрична енергија.
Но веднаш се поставува прашање, што со досегашните клима уреди, кои работат на принципот on- off , т.е. компресорот исклучува дури со постигнувањето на поставената температура. Дали постои начин и тие да штедат енергија?
Сите знаеме за популарната мерка за заштеда на електрична енергија при загревање, која се состои во исклучување на грејната плоча на неколку минути пред да заврши загревањето и да се искористи топлинската инерција на загреаната маса. Овој принцип на топлинска инерција (а и ладењето е топлински процес ) , е искористен при примената на новиот електронски додаток кој се вградува во старите, постоечки клима уреди и овозможува нивната потрошувачка да се намали за 20 до 30 % .
Накнадно вградениот електронски уред овозможува постигнување на поставената температура за исто време како и дотогаш, но користејќи ја топлотната инерција на разладното средство, неколку пати го исклучува компресорот заштедувајќи до 30% електрична енергија.
Всушност електронскиот уред , дотогашниот класичен клима уред заедно со просторот што го разладува го моделира како взаемен целосен ТЕРМОДИНАМИЧЕН систем.
Тој овозможува заштеда на енергија од 10-30 % во однос на дотогашната потрошувачка ,брзо враќање на инвестицијата , едноставна инсталација , и претставува НАЈДОБРА АЛТЕРНАТИВА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕЛ.ЕНЕРГИЈА СО ВАШИОТ ДОСЕГАШЕН КЛИМА УРЕД ,ПРЕД ДА БИДЕТЕ ВО СОСТОЈБА ДА КУПИТЕ НОВ ,ПОСКАП , ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД.
2 Comments
Goce
A kade moze da se najde toj dopolnitelen elektronski ured?
ROBERT
KADE DA NAJDAM TAKOV URED?