Неодамна одбележаната годишница на земјотресот во Јапонија и последиците од нуклеарната катастрофа предизвикана од истиот, поттикнала голем број на луѓе и компании да ги разгледаат подобро ресурсите кои ги имаат на располагање и како тие би можеле да бидат искористени во случај на недостаток на енергија при некоја нова можна катастрофа. Производителот на автомобили Mitsubishi има барем делумно решение, кое го вклучува малиот и суперпрактичен електричен автомобил i-MiEV.
Имено, почнувајќи од наредниот месец, Mitsubishi на сите нови сопственици (а најверојатно ќе постои и опција за веќе постоечките) ќе им ја нуди новата MiEV power BOX. Тоа е реалтивно мал уред кој се поврзува на прикличокот за брзо полнење на i-MiEV со цел да црпи енергија директно од батеријата на возилото. Притоа, на излез дава наизменичен напон од 100V (напон на мрежата во Јапонија), со максимална моќност од 1500W.
Колку всушност моќ има во i-MiEV?
Според спецификациите на i-MiEV од производителот, литиум јонската батерија целосно наполнета има енергија од 16 kWh. Кога би се приклучил MiEV power BOX целосно наполнета батерија и би се употребувал при максимална моќност од 1500W, би требало да има доволно енергија за 5 до 6 часа. Од Mitsubishi мислат дека ова е доволно енергија за напојување на еден јапонски дом за цел ден.
MiEV power BOX ќе биде достапен по цена од околу 1800 долари. Уредот дефинитивно не е евтина „играчка“, но е едноставна и ефикасна, посебно за „не дај боже“ ситуации, кои во Јапонија се многу чести. Ако се покаже како успешен проект, од Mitsubishi најавуваат дека малата бела кутија ќе биде достапна и за сопствениците на i-MiEV и во другите земји.