Добра вест за сите оние кој што сакаат да инсталираат сончеви колектори за топла вода! Имено Министерството за економија и оваа година ќе продолжи со субвенционирање на набавка на нови сончеви колектори. За таа намена Министерството ќе издвои околу 100.000 евра, со кој што ќе се субвенционира делот од трошоците на набавка на колекторите, поточно како и во претходните години 30% или максимално 300 евра од трошоците на набавка на нови колектори. Огласот е распишан и граѓаните можат да се пријавуваат за искористување на овие субвенции. Инаку од 2007 година од кога се прави ваков вид на стимулирање на инсталирање на сончеви колектори, 1.901 домаќинство ја искористи оваа субвенција.
Огласот ќе трае до 31 мај 2013 година, а на него можат да се пријават сите оние кој што од 25 јануари па до 31 мај 2013 ќе купат и инсталираат сончев колектор. Јавното извлекување на оние кој што ќе ја добијат субвенцијата ќе се одржи на 8 јуни 2013 година. Инаку на нашиот портал повеќе пати пишуваше за корисноста на инсталирањето на сончеви колектори – карактеристиките на овие уреди, како и за кое време ќе можете да си ја повратите инвестицијата. Само да ве потсетиме да со инсталирањето на еден сончев колектор со кој што ќе се задоволат потребите за топла санитарна вода, на годишен ниво можете да заштедите помеѓу 12.000 – 18.000 денари!
Иако почетната инвестицијата во сончевите колектори е поскапа, периодот на повратот на инвестицијата е помеѓу 3 – 5 години во зависност од типот на сончевиот колектор. Доколку се уште размислувате за тоа каков вид на сончев колектор да пазарите симнете го прирачниот за сончевите колектори, кој што ќе ви помогне во изборот на вистинскиот колектор.
2 Comments
ljupco
kako dajasu
apliciram za soncev koleltor
Предраг Стојковски
Контактирајте го министерството за економија кое што ги и доделува субвенциите
https://www.economy.gov.mk