ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 36 став (5) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14 и 196/15), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 5.1.2016 година, донесе ПРОГРАМА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПЕНИ И ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2016 ГОДИНА I Со оваа програма се утврдува начинот, условите, критериумите и постапката за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2016 година- потпрограма 32 – Развој на енергетиката, ставка 464 – Разни трансфери, наменети за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2016 година. II Средствата од дел I на оваа програма во вкупен износ од 6.000.000, 00 денари ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2016 година. Средствата од Буџетот наменети за програмата, ги распоредува Министерството за економија. III Надоместокот на дел од средствата за купени сончеви термални колекторски системи ќе го остварат само лицата кои:- имаат купено и вградено во своите домови колекторски систем по денот на објавувањето на Јавниот оглас до завршување на Јавниот оглас од дел IV на оваа програма, што се докажува со документација од став 2 на овој дел,- го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи во својот дом врз основа на претходните јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година, што се докажува со документација од став 2 на овој дел. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите од став 1 на овој дел се исполнети, барателот до Министерството за економија ги доставува следните документи: 1. пополнет образец за барање (кој во себе содржи изјава дека барателот го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончев термален колекторски систем врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година). Образецот на барањето може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk,
One Comment
Darko
Kako mozi da se dobie pdf. od baranje za 2016 ?!