Сигурно сите ги знаете обичните LED (светодиоди) кои имаат многу мала моќност, и најчесто се користат како индикатори кај електронските апарати и се користеа во првите LED базирани светилки. Е па работите се сменија, тука е SMD LED (светодиоди)!
Што се SMD светодиоди?
SMD LED е технологија на површинска монтажа на светодиоди, тоа се диоди кои емитираат светлина и се залемени врз електронско коло. SMD светодиодите се прилично мали (бидејќи го немаат епоксидната смола која ги аштитува обичните светодиоди) и затоа единствено можат да се работат во процесот на производство со помош на роботи. SMD светодиодите исто така има широк агол на гледање (пак поради отсутноста на епокси делот кој ги фокусира зраците).
Придобивките од SMD светодиоди
При работа SMD светодиодите одаваат исклучиво малку топлина при што има мали барања за напон и јачина на струја (како досегашните диоди). Како стандардните светодиоди тие не загреваати и можат да се користат за да се покаже статус на уредите: на компјутер, матични плочи, рутери, хард дискови, USB флеш дискови и било која друга апликација, каде што физичкиот простор е битен. Сите нови паметни телефони имаат светла за камерата токму од вакви диоди.
SMD светодиодите може да се користат и како позадинско светло кај LCD мониторите, или секаде каде е потребно светло. Исто така можат во целост да ги заменат постоечките светилки во нормална или посебна мрежа. Поради малата големина можат да бидат прозиведени и како свитливи ленти или пак светла во итни случаеви. Примената кај автомобилите е идеална, поради нискиот напон и едносмерната струја која ја користат тие.
Постојат и други примени како рефлектори, силни светла со висока моќност кои при иста количина на лумени, се троши многу помалку енергија.
SMD LED дава висока осветленост додека има пониска потрошувачка на енергија отколку нормалната LED, CFL и традиционалните светилки и поради тоа се логичната идна технологија за осветлување.
9w LED светилка горе SMD 3528, долу SMD 5050
Карактеристики
Мали димензии: SMD светодиодата како извор на светлина е многу мал и лесен во споредба со чиповите обвиени со епоксидна смола.
Ниска потрошувачка на енергија: Општо земено, напонот на SMD светодиодите е 2-3.6V, додека јачината на струја се движи 0.02A-0.03A. Таа користи многу низок напон и струја и оттука потрошувачката на енергија е многу ниска, изнесува само изнесува 1/8 од обичните светилки со волфрамово влакно (доколку е комбинираат да проиведуваат иста количина на лумени).
Долг животен век: Под соодветна струја и напон, животниот век на SMD светодиодите може да достигне 100.000 часа. Во споредба со другите светодиоди, намалувањето на светлината се намали од 10% на 5% во 1000 часа. Произведени од страна на роботи кои нема да загреваат прекумерно, животниот век на SMD светодиодите е подолг.
Висока осветленост: Главно прифатени чипови се 3528 и 5050 SMD кои се шифрирани според дименијата на чиповите.
SMD 3528 се состои од една светодиоден чип со димензија 35 x 28 mm и енергија 0.08W
SMD 5050 се состои од три светодиодни чипови со димензија 50 x 50 mm и моќност 0.24W
Теоретски, SMD 5050 е 3 пати посветла од SMD 3528 меѓутоа и двата типа може да се комбинираат за да даваат иста јачина на светлина.
Покрај овие општоприфатени чипови постојат и чипови со поголема дименија, и кои трошат значително повеќе енергија, но и одаваат начително повеќе светилки. Овие SMD светодиодни чипови некогаш се оначуваат и како Power LED. Примената на овие чипови може да биде многу голема, така да генерално оваа технологија ја чека СВЕТЛА иднина 🙂
3 Comments
Александар
Најпрво постојат различни типови на диоди, LED se Light Emiting Diode, и тоа е класична декларација на која има подтипови на диоди.
Моментално најинтересни се OLED или Organic Light Emiting Diode, а додека технологијата на изработка дали е обична, SMD или друг тип означува само тип на поврзување на диодата со електричната плоча и не игра никаква улога во нејзините перформанси.
Bojan
Zdravo,
Sakam da ve prasam dali imate informacija kade mi mozele da se kupat LED svetilki vo Makedonija, bidejki po marketite kaj nas kako stedlivi svetilki se prodavaat samo halogenski i fluorescentni svetilki.
Игор Мишевски
Здраво Бојан,
Во моментот во Македонија вакви светилки според мои информации може да се најдат само во Osram (или кај нивните дистрибутери како што е ЕЛИНГ https://eling.com.mk/). Овие светилки се со премиум квалитет и со регулирано ладење и се разбира соодветна премиум цена која пак од друга страна има добар поврат на инвестицијата бидејќи траат долго, а и имаат и повеќегодишни гаранции.
Од друга страна, светилки како на сликиве во текстот може да се најдат на Ebay доколку имате PayPal сметка https://www.ebay.com/sch/i.html?_trksid=p5197.m570.l1313&_nkw=e27+smd&_sacat=0&_from=R40 , во друг случај ако располагате со картичка – дебитна или кредитна може да побарате тука https://dx.com/s/e27+smd
Поздрав