Според аналитичарите на Американскиот универзитет Карнеги Мелон играчките конзоли непотребно трошат големи количества на енергија. Имено според нивните проценки секоја година непотребно се трошат повеќе од 10,8 теравате енергија, која ги кошта домаќинствата повеќе од 1,24 милијарди долари.
Општо познато е дека иако играчките конзоли како Сони Плејстејшн и Микрософовиот Иксбокс трошат доста помалку енергија одколку компјутерите и телевизорите, сепак трошат повеќе од една сијалица. Имено кога се активни во просек трошат околу 100 вати. Она што ги загрижува истражувачите е тоа што поголемиот од корисниците на конзолите речиси никогаш и да не ги исклучуваат целосно. Поголемиот дел од нив ги оставаат на стенд бај мод кој сепак троши околу 75 вати.
Според истражувањето кое е извршено се покажало дека само мал број користат автоматско исклучување додека поголемиот дел ја игнорираат таа опција. Се покажало дека речиси 67,5 % од севкупната годишна потрочувачка на енергија која ја трошат секоја година играчките конзоли е како последица на тоа што тие се оставени на стенд бај модот.
Иако во план е да се воведи закон со кој би им се наложило на производителите да вградат автоматика која би била задолжена за конзолите сами да се исклучуваат по одредено време сепак можи нешто да се преземи во меѓувреме додека се донеси тој закон. Според реномираните истражувачи од универзитетот тоа пред се би било секој од корисниците, т.е. секој од нив да се потруди да ја исклучува својата играчка конзола секогаш кога ќе прекини со користење на истата. Иако во САД се уште електричната енергија е на релативно ниско ниво споредено со животниот стандард кај нас во Македонија не е случај. Со оглед дека играчките конзоли се доста популарни и кај нас повеќе од јасно е дека тие трошат добар дел од електричната енергија. Се на се доколку имате некој вид на играчка конзола подома која цело време е на стенд бај се додека не ја користите сметајте дека таа ви доаѓа како еден вид на сијалица која никогаш не се исклучува.