ИК-банка ја прошири својата програма за финансирање со уште еден производ – еколошки кредити за македонските домаќинства и мали претпријатија
Овие кредити ќе бидат наменети за проекти што ќе помогнат да се заштеди енергија и да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, соопштија од банката.
Тоа значи дека парите ќе може да се земаат за врати и прозорци, системи за греење, топлинска изолација, соларни системи и слично. За кредити до 100 илјади евра, каматата ќе изнесува седум отсто, а рокот на отплата 84 месеци. Ќе може да аплицираат и граѓаните и фирмите.
– Овие кредити ќе и помогнат на Македонија да ги постигне енергетските цели. Претходно тие не беа воопшто достапни, или беа наменети само за големи фирми – вели Јуџел Инан, генералниот директор на ИК Банка.
Преземено од Нова Македонија