Шведската компанија IKEA која што е позната по производство и продажба на мебел, објави дека ќе започне со продажба на сончеви панели во Велика Британија. Панелите се произведени од страна на кинеската компанија Hanergy, а првите панели се изложени во продавницата во Саутемптон.
Системот со инсталирана моќност од 3,36 kW се продава по цена од околу 9.200 долари. Сончевиот систем ги содржи сите елементи кој што се потребни за домашна инсталација. Бидејќи цената на сончевите системи стана поволна, IKEA одлучи да ја приближи оваа технологија на своите купувачи по пат на своите продажни објекти. Според пресметките направени од страна на IKEA инвестицијата во понудениот систем ќе се врати за 7 години.
Советите околу поставување на сончевиот систем, како и сите други детали се вкалкулирани во продажната цена на панелите. На ваков начин се создава простор за дополнителна едукација на идните корисници, со што ќе се зголеми времето на користење на вградените сончеви системи.
Одлуката да се почни со продажба на сончеви панели во Велика Британија не е случајна. Велика Британија е добар пазар за сончева енергија. Владата на оваа држава донесе одлука дека ќе го откупи вишокот на произведената електрична енергија. ИKEA ќе ја прошири продажбата и на други пазари.
Извор: efikasnost.org
One Comment
Ловро
Нажалост кај нас се уште не е донесен закон со кој ќе може приватните лица (домаќинствата ) да поставуват фотоволтајци на крововите ,дворовите и т.н. и да вишокот на електрична енергија ја продават на дистрибутерите , На тој начин ќе се зголемат инвестиците а домаќинствата да заработат некој денар.