Не е лесно да се биде пензионер, не само во Македонија, туку и во Словенија. Имено Јоже Прапер, пензионер од местото Вузенице, Словенија, на покривот на своја фамилијарна куќа постави мини сончева централа. Сето ова би било одлично, се додека не доби решение со која што му се одзема неговата пензија, а како шлаг на торта е и тоа да мора да ја врати добиената пензија добиена во последните три години – за колку што работеше мини централата со која што делумно ги задоволува неговите потреби за електрична енергија (50%).
„Се уште се надевам дека разумот ќе победи и дека нема да ми ја одземат пензијата“, изјави Јоже Препер за словенската телевизија. Тој тврди дека никој не го има известено дека сопствениците на мини електрични централи со законот се третираат како мали претприемачи, што е неспоиво со неговиот статус на пензионер. Сончевата централа ја постави како пример, да ги поттикне своите сограѓани повеќе да ги користат обновливите извори на енергија.
Инаку неговата централа произведува електрична енергија во вредност од 100 евра на месечен ниво. Редовно ги плаќа даноците и сите други доприноси.
Извор: dnevnik.hr
Извор на сликата:delo.si