Дали функционира системот на правна држава? Дали како Итар Пејо што плаќал за мирисот од печеното месо, така и граѓаните кои живеат во населби каде има далечинско затоплување мораат да плаќаат принудно за нешто што не го користат? Дали и Владата веќе не е надлежна за ништо?
Во Скопје постојат два системи за далечинско затоплување на станови, БЕГ(Балкан Енерџи Груп)-Топлификација кojа дејствува во делови од населбите Крапош, Центар, Аеродром, Скопје – Север и Кисела Вода и ЕЛЕМ – Подружница енергетика кој дејстува во делови од населбите Железара, Автокоманда, Маџари и Хиподром. Регулирање на оделни прашања во вршење на овие дејности го врши Регулаторната комисија за енергетика како независен орган.
Во 2012 година, Регулаторната комисија за енергетика донесе Правилник според кои тие кои се исклучени од ситемот се присилуваат, спротивно на нивната волја, да склучат договори со БЕГ-Топлификација и да се приклучат. А ако тоа го одбијат, се казнуваат, секој нареден месец, да плаќаат за некаква „ангажирана моќност“. Регулаторната комисија за енергетика, донесувањето на вакви одредби го образложи со намерата да го заштити системот на БЕГ-Топлификација. Ваквата одлука не влијае врз вториот дистрибутер ЕЛЕМ Енергетика.
Од кога Регулаторната комисија за енергетика ги донесе овие одредби, претпријатието БЕГ – Топлификација на исклучените им праќа фактури и ги тужи граѓаните, доколку не ги платат ваквите фактури. Ова се прави не само над оние граѓани кои порано биле корисници на системот на БЕГ – Топлификација, туку и над граѓани кои никогаш порано не биле корисници чиј вкупен број изнесува 16.000 според медиумите. БЕГ – Топлификација формираше комисии, кои прават записници, со кои по нивна воља „утврдуваат“ дека некој е наводно исклучен.
Потоа и на таквите граѓани БЕГ –Топлификација им праќа фактури и ги тужи. Досега секој граѓанин е тужен пет пати за истото, а тужбите и понатаму продолжуваат, бидејќи БЕГ –Топлификација, ги тужи граѓаните на секои шест месеци. Судот по овие тужби по правило одлучува во корист на БЕГ-Топлификација. БЕГ во минативе две години има испратено фактури на над 16.000 лица, од кои сите што немат платено се инстантно тужени и осудени. Досега секој граѓанин е тужен пет пати за истото, а тужбите и понатаму продолжуваат, бидејќи БЕГ –Топлификација, ги тужи граѓаните на секои шест месеци. Судот по овие тужби по правило одлучува во корист на БЕГ-Топлификација. Апелациониот суд по правило ги потврдува овие пресуди. Многу е мал бројот на предмети во кои Судот одлучил во корист на граѓаните. Со тие пресуди од граѓаните се бара да платат не само за фактурите, туку и за многу поголеми судски трошоци и камати. Практично на овој начин нас не ограбуваат.
На 03.11.2014, група на засегнати граѓани истакнаа тужба, пред истиот Суд, против БЕГ-Топлификација и Регулаторната комисија за енергетика за повреда на човекови права. Судот во краток период, на 13.11.2014 ја отфрли тужбата, без да има судење и без за тоа да ги извести со што граѓаните за ова отфрлање дознале дури на 28.04.2015 од Известувањето кое го упатил Председателот на Судот.
Граѓаните писмено се обратиле со барање за заштита на нашите човекови права на многу места, почнувајќи од локалната самоуправа, до Председателот на Република Македонија. Како последно, на 10.03.2015, со исто барање се обратиле на Владата на Република Македонија и побарале да се преземе мерки за повторно воспоставување на владеењето на законите, бидејќи одредбите кои ги донесе Рагулторната комисија за енергетика се спротивни на Уставот и законите. Истовремено тие ја известиле Владата, дека од 21.03.2015, ќе започнат со мирни протести, кои ќе траат се до исполнување на барањето. Тие протести започнаа на 21.03.2015 и траат веќе десет недели.
Во врска со оваа барање Владата на Република Македонија на 18.05.2015 писмено ги известила дека нема надлежности, односно дека нема ништо да превземе (известување во прилог).
Подолу е даден пример на документи за наод од вештачење и одлука на судот, каде се гледаат контрадикторности на наодите на ваштаците и одлуката на судот по што може слободно да се запрашаме – каде живееме?
Наод од вештачење на еден од оштетените лица:
Одлука на Суд:
* текстот е прилагоден од текст испратен како барање за поддршка
** Материјалите се обезбедени од страна на оштетените лица