Во вчерашниот пост зборував за производство на агро-пелети/брикети како еден вид на зелен бизнис. Во ЕУ, особено во Данска, биомасата интензивно се користи како еден вид на гориво за добивање како на топлинска, така и на електрична енергија. Во Србија, пишувавме за тоа, веќе постојат планови за поинтензивно користење на биомасата. Како пример на ова ќе ви претставам една мини студија под име:„KOTLOVSKO SAGOREVANJE VELIKIH BALA SOJINE SLAME RADI ZAGREVANJA KOMPLEKSA STAKLENIH BAŠT“. Студијата е изработена од страна на Растко Младеновиќ и Милијана Паприка од институтот „Винча“ од Белград, Мирко Коматина од Машинскиот факултет од Белград и од страна на Александар Ериќ и Драгољуб Дакиќ, исто од институтот „Винча“ од Белград.
Имено, Белградскиот земјоделски комбинат ПКБ произведува соја на свои 2,000 хектари. Од таа површина секоја година по жетвата се добива околу 4,000 тони на слама. Идејата беше сламата да се искористи за добивање на топлинска енергија- догревање на стакленици кои се простираат на површина од околу 5 хектари. Сламата не се ситни ниту пресира за да се добијат пелети или брикети. Едноставно сламата се собира во посебни бали, со следни димензии: 0,7 m x 1,2 m x 2,7 . Калоричната вредност на овие бали изнесува околу 13 686 kJ/kg а густината на овие бали изнесува околу 132,27 kg/m. За споредба просечната калорична вредност на јагленот кој што се копа во Македонија изнесува 10.480 KJ/kg.
За согорување на овие бали на слама, создаден е посебен котел со инсталирана термичка снага од околу 1,5 MW. Горивото се донесува до печката по пат на лента. Согорувањето се одвива во печка направена од шамот. Издувните гасови идат до разменувачот на тополината гас – вода и понатаму до циклонот. Гасовите излегуваат низ оџак, но загадувањето е сведено на минимум со користење на повеќефазни циклони и скрубери.
Согорувањето на балите оди на принцип на согорување на цигара – предниот дел на балата одма согорува, а понатаму од кога цела бала ќе влези во котел, останатиот дел на балата согорува во печката.
Подетално за самиот процес на производство на топлинска енергија во овој комбинат можете да видите на следниот линк
Ќе се сложите со мене дека е ова интересен и иновативен начин на користење на биомаса. Да се надеваме дека и во Македонија ќе се почне со поинтензивно користење на биомасата.