Дали размислувавте за изградба на сопствена куќа, а кога ги видовте кој се трошоците за изградба, да кренете раце од овој градежен потфат? Дали живеете во регион кој што ќе биде погоден со климатски промени и се прашувате дали Вашата куќа ќе ги преживее истите? Доколку е тоа така, можеби ќе бидете заинтересирани да прочитате нешто повеќе за групата „Cal-Earth“ од Калифорнија, која што ги учи луѓето како да изградат сопствен дом кој што ќе биде отпорен на различни природни катастрофи по пат на користење на различни материјали, па дури и со користење на воени материјали.
Идејата за изградба на ваков вид на објекти дојде од иранскиот архитект Надер Кхалили. Изградбата на овие објекти е лесна, материјалите за изградба на овој вид на објекти се евтини и достапни и можат да понудат голема заштита од временските услови. Групата која што ја спомнавме на самиот почеток – „Cal-Earth“ основана е од страна на самиот Кхалили во 1986 година.
Само четири години пред исламската револуција во Иран 1979 година, Надер Кхалили ја напушти својата кариера – изградба на модерни висококатници и други класични структури и замина во иранската пустина за да го научи начинот на изградба на традиционални земјани куќи. По пет години на учење на традиционална земјана архитектура, ја изгради првата керамички. По овој период Кхалили замина во Калифорнија каде што ја основа групата „Cal-Earth“ која што ги учи другите за изградба на овие едноставни куќи. Како да ја изградите оваа куќа?
Луѓето кој што сакаат да изградат сопствена куќа треба да почнат со конструкција на купола која што има внатрешен пречник од 2,4 до 3 метри. Земјата се пакува во помали/поголеми вреќи кој што се редат во слоеви.
Бодликавата жица се користи за да се обезбеди дополнително затегнување, а потоа комплетната структура се дополнително зацврстува со стабилизатори како што е цемент, креч или асфалтна емулзија. Добиената структура поседува одлична топлинска маса, која што обезбедува одлична топлинска изолација. Отворот на покривот обезбедува дневна светлина, но можат да се обезбедат други отвори кој што можат да обезбедат дополнителна светлина.
Групата „Cal-Earth“ за 28 години креира голем број на структури кој што се градат на сличен начин и кој што поседуваат исти квалитети. Исто така групата се занимава со проектирање и на изградба на цели заедници кој што се изградени од земјани куќи. Куќите можат да бидат опремени со сончеви системи за производство на електрична енергија, можат да се опремат со колектори со вода и со сите други модерни погодности.
Една ваква куќа е изградена на Косово во рамките на проектот 100 day unaVision lab in the Balkans!
За повеќе информации во врска со изградба на земјани куќи посетете го сајтот на групата „Cal-Earth“, На сајтот можете да најдете голем број на интересни примери на успешни проекти.
Извор: gradjevinarstvo.rs