Изградбата на хидроелектраната на Бошков Мост е оддложена поради пробиените рокови. Вака одличил Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој кои веќе пристигнаа во земјава.
Од ЕБОР која е финансиер на проектот, најавуваат нова студија за економската исплатливост на електраната. Според нивните последни пресметки целиот проект ќе чини двојно повеќе од првично проектираната сума.
Наспроти пресметките на експертите, првиот финасиер Ставрески за 24 Вести вели дека целиот проект нема да ја надмине сумата од 150 милиони евра, и уверува дека проектот ќе се реализира.
Во меѓувреме се проблематизираат работите и за втората електрана во мавровскиот регион – Луково поле. Студијата за заштитата на животната средина, доцни цела година. Од Светска банка веќе најавија дека нема да го поддржат проектот доколку е во спротивност со еколошките стандарди.
Екологистите но и жителите на Реканскиот регион се против изградбата на хидроелектрани во Маврово бидејки ќе му биде одземен статусот на национален парк. Тие стравуваат и од изумирање на Балканскиот рис и пресушување на реката Радика. За владата изградбата на Бошков Мост и Луково Поле се од стратешко значење за енергетиката на земјава.
Извор: 24 Вести