Да стекнeте некое искуство и храброст за поголеми проекти, најдобро е да тргнете од мало т.н. експериментален дигестор. Кога ќе ги соберите сите потребни материјали, можете лесно да го составите за еден ден. Што се однесува до материјалите потребни за изградба, веројатно скоро сите веќе ги имате во својота околина.
Значи, Потребно ви е:
- 4- 200 литарни непоцинковани буриња со чепови.
- 1- 150 л. Барел (буре) ,, ѕвонче’’ –резервоар за складирање на гас. По можност да биде пластично.
- Греди за постоље со минимален пресек 10x 8cm. Целата работа тежи околу 700
- 1 PVC колено ø 110 или 120 / 60̊
- 2 PVC колено ø 110 ili 120/ 90̊
- 1 PVC цевка ø 110 ili 120 / 110 cm должина.
- 1 PVC цевка ø 110 ili 120 / 50 cm должина.
- Манометар
- Заштитен осигурач (заштита од пожар и пламен)
- 1 kg полиестерен кит
- 1 туба лепило.
- 3 плински вентили 3/8 пластика или од нерѓосувачки челик, (не месинг, бронза или поцинковани).
- 1-2 m цевки за гас ø ½ ̋ – не понцинковани.
Почнете со отстранување на дното на двете буриња, на едното буре и двете страни, додека пак на другото само горната страна. На бурето без дното направете отвор од 10 mm поголем од дијаметарот на PVC коленото во просторот на поголемиот чеп (скратете го чепот) како на сликата 1. Така што ќе дојди колено од 60̊. На другото буре без дно, направете ист таков отвор но над чепот како на сликата 1. Колената (едното колено од 60̊ и другото од 90̊), избрусете го надворешниот тесен дел, избришете го и премачкајте го со лепило и оставете го да се исуши. Во коленото од 60̊ вметнете цевка.
Наместете го коленото во отворот и привремено фиксирајте го во положбата на цевката. Обрнете внимание на димензиите. Врвот на цевката мора да биди оддалечен од горниот раб на бочвата за 96 cm (види на слика 1). Измешајте кит и полиестер и целосно обложете го од надворешната страна.Кога китот ќе се здрви, обложете го коленото и од внатрешната страна на бурето. Направете ја истата постапка и со другото буре со колено од 90̊. Добро би било во тоа буре да инсталирате и термометар.
Цевката можете да ја вградите со заварување на лимена фланша во отворот и во фланшата се вметнува коленото. Во оваа фаза можете на врвот на бурето да направите отвор за излез на плинот. Отсечете од прилика 20cm од цевката и вградете ја во отворот, Исто така се фиксира со кит или варење.
Сега ви останува спојување на трите буриња во една целина.Ова поврзување ќе го направите со квалитетно, автогено или ТИГ варење. Сликите доволно ви говорат.
Сега треба да направите постоље на кое ќе се постави целата направа. Треба да се употребуваат квалитетни профили со минимален пресек 10X8. Изработката на постољето зависи од матерјалите кои вам ви се достапни.
Траба да се намести бурето на постољето и да се подигне предниот крај. Тука ви е важна дим. А(сл.1) Внимавајте да имате цврсти темели. Треба добро да се фиксира постољето во наведената состојба. Кога ќе ја наточите суровината целата направа ќе има тежита околу 650 кг. и лесно може да потоне во мека подлога.
Ставете го чепот во коленото на излезната цевка. Цевката се подмачкува, се наглавува на коленото и добро се фиксира. Внимавајте на димензиите сл.1 (96см) Излезната цевка се состои од два сегменти ,,D,, I ,,E,, прво во коленото се наглавива цевката,,D,, без гумица. Се определува должината и се скратува. Горниот раб на цевката МОРА да е на 71,5 см над долниот раб на бурето. Во оваа цевка сега се става коленото. Горната внатрешна страна на коленото МОРА да биде на висина од 79 см над долиот раб на бурето.
Извадете. Ставета гумица во коленто ,подмачкајте и втиснете ја цевката ,,D,,
За фиксирање направете квалитетен носач за цевката.
Ќе повториме кога ги определувате висините МОРА ДА БИДЕТЕ ПРЕЦИЗНИ ТИЕ СЕ МНОГУ ВАЖНИ.
Термометарот е веќе вграден нели?
Спојте го излезот на плин на противламен осигурач. Потоа на цевката зградете го вентилот за тест, па со ред: манометар, вентил и на крајот, собирачот на плин.
Сега целата работа се полни. Затворето го вентилот за тест. Отворете го вентилот спрема собирачот на плин и затворете го спрема потрошувачот. Спремете околу 600 л сировина. Доборо е да набавите муљ од некоја застоена бара која не мириса баш пријатно. Добро е исто така сировината или барем дел да се загрее. Прво се наточува загреаниот дел а потоа и остатокот низ влезната цевка. Се наточува се додека сировината не почне да излегува од цевката ,,D,,. Сега во цевката се става гумица и се навлекува во коленото.
Нешто за собирачот на плин: најверијатно ќе го направите со пливачко ѕвоно. Буре во буре. Ѕвоното има два приклучок за плин. Еден е влезен а друг излезен. Вентилот е на излезната цевка. Отворете го тој вентил и оставете ѕвоното да потоне. Затворете го вентилот. Ѕвотото оптоварете го (десетина тули)
Првата недела најверојатно ништо нема да се случи. Бидете трпеливи вие и оние околу вас кои со недоверба ве контролираат. Тогаш очeкувајте ја првата промена. На манометарот ќе забележите зголемување на притисокот што во исто време е знак дека се е добро изведено. Кога притисокот ќе покаже 15 см V.S. на излезниот отвор треба да се појави малку од сировината. Некој сантиметар горе-долу ништо не значи.Сега следете го собирниот сад. Доклу собирното ѕвоно не се потрекрева, можеби треба да тргнете некоја тула. Доколку пак премногу се поткрева треба дополнително оптоварување.Првиот гас е експлозивен , содржи биогас и кислород. Затоа се отвора вентилот, ѕвоното да потоне, па второто полнење е веќе за проверка, па со кибрит на излезот се проверува квалитетот.
Се надеваме дека системот го поставивте на сончево место. Ако го покриете со фолија ќе работи како луд. Очекувајте оклу 0,8м3 за 24 часа а кога е под пластеник 1,6м3/24 ч. Всушност не е важна количината, важен е експериментот и храброста да започне со нешто ново.
Колку за референца ќе споменеме: дневно се ,,преработува оклу 2% од суровината, Значи процесот трае 50 дена , Од околу 635 кг суровина очекувајте околу 43 м3 гас, одноно околу 7,5 литри дневно. Треба да се одржува односот на C/N во границита на 20/1-40/1 зголеменото количество на јаглеод го забавува и може да го запре процесот. Зголеменото количество на азот пак го ,,јаде,, јаглеродот и излегува амонијак.
Траба да ја користите секоја прилика да штедите енергија. Пред внесување на смесата треба да се покрие со фолија да се загрее. Просечно говедскиот гној има однос C/N 25/1.Распределете 1кг гној со литар вода. Тогаш смесата има 20% крутост. Тао е идеално за дигесторот.. Слободно уфрлете 18 л дневно. Можете де очекувата 7.5 л дневно.
По одлежувањето уште една корисна работа остатокот од смесата се разредува со 2-3 л. свода на литар смеса и имате одлично течно ѓубриво.
Само небото е граница.
Извор: Независно домаќинство