Минатите две недели пишувавме за вештачки изолациони материјали. Денес ќе зборуваме за еден природен изолатор – овчка волна. Овој природен изолатор топлински карактеристики, кој што се слични на минералната волна – низок коефициент на топлинската спроводливост кој што се движи околу 0,039 W/mK. Сличната вредност ја поседуваат и другите влакнести изолатори. За да природната овчка волна може да се искористи како топлотен изолатор, таа мора да се ослободи од ланолин. Од кога ќе се ослободи од оваа материја, волната се меша со полиестер кој што му помага да го задржи својот облик. Една ролна на волна која што е наменета за изолација содржи во себе 85% природна овчка волна и 15% полиестер.
Овчката волна е сосема природен и што е најважно обновлив материјал. Исто така производството на изолациони панели или пак на ролни од овчката волна е енергетски ефикасно, бидејќи користи само 14% од енергијата која што е потребна за добивање на изолација како што е на пример минерална волна. Овчката волна поседува хигроскопни карактеристики – ја апсорбира и ослободува водената пареа и притоа не ги губи своите карактеристики како топлински изолатор. Во зимскиот период овчката волна ја апсорбира топлината од влагата во воздухот и на таков начин ги намалува топлотните загуби на објектот. Во летниот период волната ја ослободува влагата од влакната – ефект на ладење.
Волната има поголема поотпорна на огнот, за разлика од целулозата или пак целуларно пластични изолатори. За да се подобри отпорноста кон огнот таа се третира со соодветни средства. Изолацијата од овчката волна може да се набави во посебни ролни со ширина од 400 mm или 600 mm и во три различни дебелини: 50 mm, 75 mm и 100 mm. Овчката волна е погодна за изолација на тавани, дрвени ѕидови и на дрвени подови.
Како што спомнавме, овчката волна има слични изолациски карактеристики, кој што се слични или пак исти, како и изолацијата од минерална волна. Доколку на подот на поткровјето поставиме изолациски материјал, со дебелина од 250 mm, без разлика да ли се работи за овчка или пак минерална волна, коефициентот на минувањето на топлината ќе биде ист U од 0,16 W/m2K. Коефициентот на топлинската спроводливост на овчката волна изнесува 0,039 W/mK на 10°C, слично како и другите влакнести изолатори.
Извор: fasade.hr