Сопружниците Џон и Хелен Тејлор од САД успеале да извозат цели 1626.1 милји (2616.95 km) со нивното возило, со тоа поставувајќи нов светски рекорд.
За постигнување на нивната цел тие возеле Volkswagen Passat SE TDI (2012) 2-литарски Clean Diesel мотор со шестстепен рачен менувач. Нивното тридневно патување започнало во Хјустон, Тексас на 3 мај, а завршило во Стерлинг, Вирџинија на 5 мај.
Многу често при ваквите и слични обиди за поставување нов рекорд во минимална потрошувачка на гориво со комерцијално возило, возачите отстрануваат одредена количина на делови за кои сметаат дека се непотребни, само за да биде автомобилот полесен и со тоа да троши помалку гориво. Но, Џон и Хелен го направиле токму спротивното. Тие додале во автомобилот и багаж со вкупна тежина од 55 kg, со цел да имитираат вистински услови на возење. Згора на тоа, дури и с еменувале при возењето, симулирајќи различни стилови на возење, со вкупно 14 часа возење на ден.
Тејлорови го надминаа претходниот рекорд, поставен во Европа, за што повторно бил искористен VW Passat, овојпат 1.6 BlueMotion Diesel, за цели 160.12 km.
Иако според производителот VW Passat SE TDI треба да има просечна потрошувачка од 5.47 l/100km, Џон и Хелен Тејлор достигнале неверојатна економичност од само 2.8 l/100km, што е навистина импресивно, ако се има предвид зафатнината и моќта на моторот.
One Comment
Slobodan
Нема шанси!! Да бе 2.8 литри на 100 км, не заебавај 😀