Еден од трендовите во aвтомобилската индустрија во последните неколку години е развојот на хибридни и целосно електрични автомобили. Речиси сите поголеми производители нудат по некој електричен модел или имаат развојни програми за истите. Како поддршка за тие трендови речиси сите држави даваат дополнителни финансирања за сите оние кои ќе набават еден таков автомобил. Го користам терминот „речиси” затоа што само мал број на земји немаат програма за поддршка на оние кои купуваат електрични автомобили, а како и многупати досега видено, Македонија е дел од тие земји.
Она што е најинтересно дури и во Србија почна производство на електрични автомобили. Имено, популарното „југо“ сега има своја електрична верзија. Цената му е околу 15.000 евра и може да помине со едно полнење околу 110 километри. Максималната брзина му е речиси доволна за да добиете казна за пребрзо возење или околу 60 километри на час (што впрочем не е толку далеку од перформансите на класичното југо). Времето на полнење на батериите е 4 до 6 часа. Во продолжение накусо предностите и недостатоците на возилото.
Предности
- Повеќе пати пониска цена на изминат километар отколку ако возите возило на бензин, нафта или плин.
- Тивок режим на работа
- Лесно за одржување – споредено со трошокот за одржување на класичен бензински или дизел мотор.
- Не ја загадува околината
Недостатоци
- Мора да се полнат батериите на секои 110 километри така што не доаѓа предвид подолг пат.
- Потребно му е 4 до 6 часа за да се наполнат на батериите, така што еднаш кога ќе се испразнат не можете да го возите возилото се додека на се наполнат батериите.
- Мaксимална брзина од 60 km/h
- Застарен изглед
Веројатно има повеќе недостатоци и предности кои би можеле да се споменат, но верувам дека овие се најбитните.
One Comment
Анонимен
„Застарениот изглед“ јас би го вброил во предности. Многу потопол дизајн има отколку новите нападни и агресивно гломазни возила.