Таман што ја пребродивме ладната зима, а веќе за два месеци ни пристигнува лето. Но со лето ни иди уште еден не така мал проблем – големите жештини. Мој омилен начин за ладење во текот на летото е ладно пиво, но тоа не е трајно решение. Во последните 10 години клима уредите се најчесто користени решениа за ладење. Па еве неколку совети доколку се одлучите за пазарење на вакви уреди:
Доколку купувате клима уреди гледајте да бидат во А енергетска класа
Не купувајте клима уред кои што има капацитет поголем од колку што ви треба. Капацитет на клима уредот зависи од тоа каква е изолираноста на објектот, колку проистории поседува, број на топлински извори (шпорет, ладилници, компјутери…) број на луѓе кои што живеат или работат во објектот…итн.
Кога купувате клима уреди, внимавајте на факторот на ладење/греење (EER или COP). Што е овој фактор поголем тоа подобро. Вредностите на овој фактор се движат помеѓу 2,5-4.
Разлика помеѓу надворешната и собната температура не смее да биди поголема од 7°C.
За секој °C на пониска температура се троши3 – 5% повеќе енергија од колку што треба.
Најефикасни клима уреди се оние уреди кои што имаат инвертор. Овие уреди штедат од 20-40% на електрична енергија за разлика од клсичните клима уреди.
Клима уредот треба да биди поставен кон северната страна на објектот.
Спуштете ги ролетните – на ваков начин ќе ги намалите потребите за ладењето
Затворете ги прозорците, доколку го вклучивте клима уредот. Исто така доколку ја проветрувате просторијата, исклучете го клима уредот.
Исто така неопходно е редовно одржување на клима уредот – менување на филтрите. Пред почетокот на сезоната за ладење треба да се смени воздушниот филтер. Со менувањето на овој филтер го подобруваме квалитето на воздухот.