Чекор 5 – Изработка на рамката
Кога еднаш ги имате сите материјали на број, време е да се почне со правење на рамката. Бидејќи колекторот (цевките од фрижидер) не може да се менува, најдобро е да се гради рамката околу него, односно да се димензионира според неговата големина. Рамката се прави на тој начин што се прави предна и задна
рамка, а меѓу нив се поставува гумената подлога. Потоа двете рамки се спојуваат со големи шрафови.
Потоа над гумената подлога се поставува фолија од алуминиум. Причина за ова е тоа што не смее да се загрева позадината туку цела топлина треба да биде насочена кон колекторските цевки (ако не се веќе црни, тогаш треба претходно да ги бојадисате, за поголема апсорпција на топлина). Фолијата ќе го одбие секој зрак светлина што не го апсорбирал колекторот при првото поминување и му дава шанса за повторно да го погоди колекторот. Стаклената покривка ја зачувува топлината внатре во панелот за дополнително затоплување.
Светлината лесно поминува низ стакло, но не и топлината, како стаклена градина. Ако одлучите позадината да ја направите од метал наместо гума, тогаш нема да ви треба фолија. Во тој случај, ќе треба колекторот да биде физички прицврстен за подлогата (која е обоена во црно) затоа што металот е добар проводник на топлина и брзо се загрева, па таа топлина подлогата ќе ја пренесува и на колекторот. Во случај да одлучите да користите метална позадина, сепак ќе треба да поставите некаква изолација на задната страна на панелот, со цел да задржите внатре што е можно повеќе топлина.
Чекор 6 – Поврзување на колекторот за рамката
Следно, се прават зарези на рамката, за доводниот и одводниот крај на колекторот. Повторно може да се забележи употребата на самолеплива лента за покривање на процепите.
One Comment
boban1
stakloto nema li da pukne ne golema temperatura